4 митови поради кои никогаш нема да бидете успешни


4 митови поради кои никогаш нема да бидете успешни

Се прашувате зошто успехот никако да тропне на вашата врата? Од која причина не успевате да се остварите на професионален план, да напредувате на работното место, или, пак, да ги реализирате зацртаните цели? Веројатно им робувате на погрешните верувања, а не сте ни свесни за тоа.

4-mitovi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-uspeshni-1.jpg

Сепак, вистинско време е да се освестите и си ја признаете вистината. Доколку слепо верувате во заблудите, тогаш не е никакво чудо што успехот ве одминува.

А четирите митови поради кои никогаш нема да бидете успешни се:

1. Вие сте незаменливи

Верувањето дека сте незаменливи може да направи да се чувствувате добро во своја кожа. Но, со тек на времето, може да станете и прилично иритантни за сите околу себе, затоа што сешто и секого ќе го сметате за закана. Фактот кој мора да го знаете е следен: сите сме заменливи, а вие не сте единствената личност која може добро да ја изврши работата.

4-mitovi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-uspeshni-2.jpg

2. Секогаш ќе бидете наградени за добрата работа

Но, нема. Понекогаш, шефот ќе мисли дека работата сте можеле да ја извршите и подобро, или, пак, воопшто нема да биде ни свесен за вашите успеси и постигнувања. Сеедно, вие и понатаму остварувајте резултати, бидејќи истото ќе виде од полза при понатамошните преговори околу платата.

4-mitovi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-uspeshni-3.jpg

3. Ќе бидете поуспешни ако ја ставите кариерата на прво место

Не, тоа е апсолутна лага. Мошне важно е да направите здрав баланс помеѓу приватниот и деловниот живот, односно да пронајдете време за себе, како би биле посреќни и попродуктивни на работа. Доколку кариерата ја ставите пред сѐ, само прашање на време е кога ќе „пукнете“.

4-mitovi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-uspeshni-4.jpg

4. Важно е работата да ве исполнува, парите се помалку важни

Парите се секако важни, само што степенот на нивната важност се менува од човек до човек. Поради тоа, најважно е прво да ги одредите сопствените лимити и приоритети, па во согласност со нив, потоа и да ги донесувате потребните одлуки.

4-mitovi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-uspeshni-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци кои потврдуваат дека кариерата ви се движи во вистинската насо... „Не е сè во парите, има нешто и во златото“, знаеме да се пошегуваме кога работи...
Како да остварите бизнис врски што ќе траат? Сигурно сте чуле милион пати досега дека: „Напредувањето во кариерата се врти ок...
3 изговори зошто не ја напуштате работата која ви ја цеди душата Сите сме согласни дека во време како денешното навистина е тешко да се најде доб...