5 начини како да се справите со лошиот шеф

Што и да е тоа што ги прави шефовите тешки, сите тие имаат неколку заеднички нешта: многу тешко ќе ги задоволите, многу тешко ќе се усогласите и одењето на работа ќе ви го направат апсолутна ноќна мора. 

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-losiot-shef-01.jpg

Нема ништо што ќе направи да се чувствувате толку мизерно како што тоа ќе го направи лошиот шеф, но постојат неколку чекори што ќе ви помогнат да останете со здрав разум. 

Ништо не сфаќајте лично

Во тешка ситуација на работа, многумина од нас работите си ги сфаќаат лично. Иако е важно да се слушне конструктивна критика, обидете се објективно да размислите дали навистина има грешки во вашиот перформанс или вашиот шеф има нереални очекувања.

Дајте си простор за јасно да увидите што е тоа што ве мачи. Ако постојат фундаментални несогласувања меѓу вас и шефот, слушајте ја својата интуиција.

Поставете граници

Запаметете дека учтиво е да се каже „не“ на вашиот претпоставен, особено ако неговите барања се вон нормалата (на пример, ако сака да бидете достапни по работното време или листата на вашите задачи е претерана). Ова првично изгледа многу страшно, но со ќе стекнете повеќе самодоверба, а и повеќе почит од вашиот шеф.

Кога не сме јасни за тоа кои се нашите граници, лошиот шеф лесно може тоа да го искористи, иако отпрвин тоа не е неговата намера. Вистинските лидери ќе работат со вас за да ви помогнат да се чувствувате попријатно на работа и да ја завршите работата.

Фокусирајте се на перформансот, не на пријателството

Следниот факт е едноставен, но тешко се прифаќа - не мора да му се допаѓате на шефот како пријател. И тоа е во ред, сѐ додека вашата работа се почитува. Исто како во љубовните врски - не можете никого да натерате да ве сака.

Честопати, тешките шефови се повеќе фокусирани на перформансите отколку на пријателството на работното место, па затоа отворениот разговор за начините на кои можете подобро да работите со нив е одличен начин да се изгради доверба и да се зајакне професионалната врска.

5 nacini da se spravite so losiot sef 02

Побарајте поддршка

Ако вашиот шеф не е вашиот најголем обожавател, нема нешто што може да направите за да го промените тој факт. Најдобро е да се обидете да изградите систем за поддршка меѓу колегите. Пронајдете ги сојузниците во вашата организација на кои им верувате, и оние кои може да ви помогнат како ментори.

Ќе ви треба заедница за да се чувствувате помалку осамени, за да ги споделите вашите дела и достигнувања, со што нема да се потпирате единствено на вашиот шеф. Само запомнете на позитивниот став, бидејќи озборувањето брзо се шири и може да ви донесе само негативни поени.

Верувајте и на сопствената интуиција

Ако таа ви вели дека ова работно место е премногу токсично за вас, можеби време е да побарате нова работа.

Заборавете на контрапродуктивните претпоставки дека нема да најдете друга работа или дека немате доволно искуство за да се вработите во квалитетна компанија. Стравот може предолго да ве задржи во токсична средина, кога всушност е вистинско време да си заминете.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg