Најчести грешки што треба да ги избегнувате пред интервју за работа

Некои експерти сметаат дека е потребна само 1/10 од секунда за да оставите некаков впечаток кај некој. Ова значи дека имате многу малку време да се прикажете во добро светло.

najchesti-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pred-intervju-za-rabota-01.jpg

Сепак, кога станува збор за интервју за работа, имате време да се подготвите однапред.

Во продолжение погледнете ги најчестите грешки пред интервју за работа што е најдобро да ги избегнете:

Користење „јак“ парфем

Некои истражувања покажале дека 30% од луѓето мразат силни мириси, дури и да станува збор за скап парфем.

Чувствителните луѓе, пак, можат да почувствуваат и главоболка и гадење од силните мириси.

За да го избегнете овој проблем, ќе ви помогнат неколку „правила“:

- Не употребувајте парфем и лосион со силен мирис во исто време.

- Пред интервјуто немојте да јадете храна со силен вкус, како туна, јајца или кромид.

Гледање телевизија вечерта пред интервјуто

Иако денес е невозможно да си го замислиме животот без лаптопот или телевизор, ноќта пред интервјуто заборавете на овие направи. Причината е сината светлина што ја емитуваат.

Сината светлина може да го наруши природниот ритам на спиење, па следниот ден ќе се чувствувате уморно.

Флертување

Најлесниот начин да си ја уништите репутацијата е да флертувате со кој било во канцеларијата.

Кога чекате за интервју, не ни помислувајте да каните некој на кафе или да се распрашувате за неговиот љубовен живот.

najchesti-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pred-intervju-za-rabota-02.jpg

Разговарање за лични теми

Секогаш е добро да бидете пријателски настроени, но немојте да претерувате.

Нема потреба да зборувате за вашите викенд авантури, за грешките од минатото, за роднините или да покажувате фотографии од семејството. Фокусирајте се на професионалните квалитети и чувајте ги личните информации за себе.

Не понесувате нешто за пиење

Пред да излезете од дома, добро би било да понесете нешто за пиење, како шише вода. За време на интервјуто нормално е да се почувствувате нервозно, па водата сигурно ќе ви се најде.

Покрај тоа, ако сте дехидрирани, сигурно ќе изгледате заморно или болно.

najchesti-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pred-intervju-za-rabota-03.jpg

Ѝ дозволувате на анксиозноста да ве надвладее

„Нервозното“ потење е најголемиот кошмар на секој кој оди на интервју за работа. Проблемот е што на овој начин ја покажувате вашата несигурност.

Доколку не можете да се справите со анксиозноста, напијте се малку студена вода – ова ќе ја намали температурата на телото, а со тоа и потењето.

Истовремено, понесете шамивче или нешто за бришење на испотените дланки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg