Луѓе кои се збогатиле на чудни начини

Кога ќе помислите дека вашата бизнис идеја е луда, ќе се изненадите колку од луѓето стигнуваат до својот прв милион со помош на откачени идеи.

lugje-koi-se-zbogatile-na-cudni-nacini_001.jpg

Овие 3 приказни се за луѓе кои се збогатиле на многу чуден начин:

Медузи во аквариум

Младиот биолог Алекс Ендон забележал дека во ниту една продавница каде се продаваат риби и други домашни миленичиња не може да се купат медузи. Решил тоа да го промени.

Потрошил речиси 50.000 долари за специјален аквариум во кој ќе ги одгледува овие суштества од длабочината.

Набрзо почнал да ги продава и можел да се пофали со заработка од половина милион долари.

Денес заработува двојно повеќе на годишно ниво.

Парфеми со мирис на треба, земја и тениски топчиња

Марк Гејмс, сопственик на брендот Demeter ја купил оваа компанија во 2003-та година и решил засекогаш да ја промени понудата на парфеми.

Неговата револуционерна идеја била на јавноста да ѝ претстави нетрадиционални мириси, како парфеми со мирис на домати, земја, трева, па дури и тениски топчиња.

На изненадување на многумина, компанијата бележи само успех, а денес негови муштерии се Холивудски ѕвезди кои сакаат да мирисаат уникатно.

Реклами на глава

Американецот Брендон Чикотски оќелавел уште во младоста, но не дозволил тоа да го обесхрабри, туку нашол начин да заработи од својот „недостаток.“

Одлучил да биде подвижна реклама и направил привремени тетоважи на некои брендови.

Во меѓувреме основал компанија која ги поврзува ќелавите луѓе кои сакаат да бидат подвижен рекламен простор и компаниите кои сакаат да го искористат овој чуден тип на маркетинг.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg