Проблеми на работа?

problemi-na-rabota-povekjeВи се чини како да и покрај сите ангажмани и посветеност на работата, работите некако успеваат да ве „совладаат“. Ви се чини дека генерално губите...

 

...многу време, а ефектот е незначителен и покрај големиот вложен труд. Не грижете се – сите наведени симптоми можат лесно да се излечат и се ефект на лошата организација.

Добар деловен е фект е нешто кон кое сите одговорни личности тежнеат. Тоа е честа причина за фрустрација, во смисол на непропорционалноста на вложената енергија и времето од една страна и резултатите од друга.

Најчеста причина за ваква состојба е нерационалното користење на времето. За да се оптимизира времето поминато на работа, потребно е да се спроведат неколку „мали чекори“ кои сосема сигурно ќе ја изменат дневната рутина и ќе допринесат за подобра продуктивност.

problemi-na-rabota

Одвојте време „само за себе“

Во секој работен ден треба да испланирате барем половина час за самостојно размислување и сумирање на резултатите од работењето. Тие моменти „на само“ подразбираат затворена врата, игнорирање на телефонот и фокусирање на одредени деловни проблеми без прекини и влијанија од други личности.

Избегнувајте изненадни „дружења“

Иако понекогаш е убаво колешката спонтано да намине на кафе, непланираните средби, разговорите и  состаноците можат во потполност да го пореметат ритамот на работниот ден. Потрудете се со колегите и пријателите да одредите време кога можете да комуницирате и дека не сакате ненадејни посети надвор од договореното време.

Направете план на работниот ден

Некогаш има премногу обврски. Добриот распоред и реалното согледување на работите и расположивото време многу ќе допринесат кон доброто деловно работење. Целта е што повеќе да сработите и што помалку да се изморите - со добат план, ќе успеете да ги спроведете двете работи.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg