Пред да напуштите „сигурна работа и плата“ размислете за неколку важни работи

Дали давате отказ свесно и пресметано? Дали имате заштеда на страна додека најдете работа? Дали сте импуливна личност која при првиот конфликт напушта работа? Во Македонија отказниот законски рок е 1 месец, но кои работи не смеете да ги заборавите пред да ја донесете оваа одлука?

pred-da-napustite-sigurna-rabota-i-plata-razmislete-za-nekolku-vazni-raboti-01.jpg

Пред да се одлучите да ја напуштите „сигурната работа и плата“ постојат некои работи за кои треба добро да размислите.

Кои се најголемите грешки кои ги правиме кога даваме отказ?

Конфликти со колегите

Колегите биле и ќе бидат дел од вашето секојдневие. Контактите се секогаш добредојдени, особено во Македонија каде што не знаете на која врата ќе треба да чукнете некогаш.

Па така, вашите колеги иако со текот на времето ќе заборават што сте работеле заедно, секако нема да го заборават фактот каков работен однос сте негувале.

Важно е да оставите добар впечаток при напуштање на работното место.

Сите колеги знаат дека си заминувате, освен менаџментот

Вашата одлука за заминување треба да ја споделите најпрво со менаџментот на компанијата. Не ги доверувајте своите планови со никој, се додека не се одлучите што ќе правите понатаму.

Продолжувате со интензивна работа да се докажувате, како да не си заминувате.

Голема грешка е да се преоптоварувате себеси во последните денови со она што е преостанато од вашата работа.

Средете се што се однесува на вашето работење, но не започнувајте со нови активности кои ќе зависат од вас. На крајот од денот, не треба да се докажувате и покажувате на самиот крај, секако сте решени веќе да си заминете.

Pred-da-napustite-sigurna-rabota-i-plata-razmislete-za-nekolku-vazni-raboti-02.jpg

Прерано известување

Во Македонија отказниот рок е 1 месец, секако освен со исклучоци по основ на договор за вработување.

Сосема е професионално да го дадете вашето известување еден месец пред вашата одлука за заминување.

Со тоа, и самата компанија ќе има можност да вработи ново лице на вашето место, а вие ќе имате доволно време да ја предадете вашата работа во други раце.

 Не си оставате доволно простор помеѓу работните места

Вашата одлука за заминување ќе ви предизвика многу стрес и непроспиени ноќи. Дали е сега соодветно време, да не згрешам, да не се покајам?

Затоа пожелно е да направите пауза меѓу работните места за да имате лична издишка, одмор и да ги наполните одново батериите за да бидете ефективни на новото работно место каде што ќе започнете.

Pred-da-napustite-sigurna-rabota-i-plata-razmislete-za-nekolku-vazni-raboti-03.jpg

Пред да се одлучите да ја напуштите „сигурната работа и платата“ поставете си ги следниве прашања:

Имате ли добра заштеда?

Никогаш не ја напуштајте работата доколку немате заштеда за барем половина година да поминете без плата. Можеби плановите нема да ви се остварат а и новото вработување ќе задоцни.

Имате ли резервен план?

Секогаш имајте план Б кога станува збор за промена на работно место. Мора да бидете на сигурен терен, сепак од платата се опстојува. 

Дали некој зависи од вашата заработувачка?

Доколку имате семејство, деца, животни, размислете и за нив, доколку останете без пари многумина ќе страдаат.

Затоа разумно превземајте чекори и не брзајте со одлуките. Самиот отказ е нешто за кое треба вистински да сте подготвени. 

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg