Оргазам во сон и „влажни“ соништа: Што го предизвикува и како да го доживеете? (18+)

Дали оргазмот во сон е знак дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот? Што го предизвикува? Дали само вам ви се случува? Која е вистината?

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-01.jpg

Според истражувањето на најпознатиот американски сексолог Алфред Кинси, во текот на само една ноќ секоја трета жена доживува оргазам во сон – затоа, сосема е веројатно дека тоа ви се случило и вам – можеби повеќе од еднаш.

Многу жени тврдат дека првиот оргазам го доживеале – токму во сон. 

Постојат луѓе кои тврдат дека можат да доживеат оргазам само со замислување секс или некои возбудливи ситуации – без директен контакт со сензуалните точки на кој било начин!

Па, зошто би било невообичаено да се доживее оргазам за време на спиењето? 

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-04.jpg

Оргазам во сон кај мажите

Околу 83% од мажите доживеале барем еден оргазам за време на спиењето. Мажите имаат ерекција трипати во текот на ноќта.

Секако, оргазмот не се случува секогаш кога ќе се појави ерекција во сон. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, ејакулацијата се јавува во сон, а резултатот е влажни алишта, чаршафи, кревет.

Токму затоа ваквите соништа се нарекуваат „влажни“.

Значи, влажните соништа кај мажите се навистина влажни. Иако сексот се случува само во соништата и не е реален, ејакулацијата во сон може да доведе до ејакулација во кревет - навистина!

Во принцип, тоа е она што го карактеризира оргазмот кај мажите.

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-06.jpg

Оргазам во сон кај жените 

Се верува дека влажните соништа кај жените се значително поретки.

Нивните соништа обично не завршуваат така „мокро“.

Затоа се наметнува прашањето: „Дали навистина се случува оргазам за време на спиењето или тоа е само сон?“.

Влажната средина по возбудлив сон не мора да значи дека дошло до вистински оргазам - тоа може да биде само сексуално возбудување!

Дали е ова нормална појава или треба да бидете загрижени?

Влажните соништа се нешто сосема нормално. Всушност, некои научници веруваат дека така телото се грижи за себе.

Како што во сон белите дробови продолжуваат да дишат, срцето продолжува да работи, па крвта циркулира.

На овој начин, преку влажните соништа, телото се грижи доволно кислород да стигне до гениталиите преку крвотокот додека спиете.

Околу 8% од нашите соништа се сексуални соништа и сосема е нормално да доживееме оргазам во сон.

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-08.jpg

Како доаѓа до оргазам во сон?

Возбудливиот сон може да биде подеднакво убедлив како и имагинативното замислување. Ако можете да доживеете оргазам во будна состојба, без допир и само со мисли, зошто да не и во сон?

На оргазмот во сон обично му претходи некој сочен сексуален сон.

Што го поттикнува тој сон?

Тоа што спиеме не значи дека сме целосно исклучени. Апсолутно сме подложни на надворешни сензации, само мозокот го обработува на свој начин - преку спиење. 

Оргазмот во сон почесто се случува кога спиете на стомак, бидејќи тогаш сензуалните точки се во контакт со креветот и чаршафите.

Насобраната постелнина во пределот на гениталиите, на пример, може дополнително да ги стимулира „влажните соништа“.

Телото чувствува допир, има подобра циркулација во пределот на гениталиите и се возбудува.

Мозокот го проектира како сексуален сон, а крајниот резултат често е: ејакулација во сон.

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-03.jpg

Зошто некои луѓе можат да доживеат оргазам за додека спијат, а во реалноста не можат?

Нашите соништа се на некој начин огледало на она што ни се случува, само од другата страна на реалноста.

Некогаш доаѓаат од потсвеста, понекогаш во нив излегува она што ние во реалноста го потиснуваме.

Срамежливоста може да биде пречка за оргазам.

Постигнувањето оргазам во сон може да биде полесно, бидејќи тогаш сте лишени од предрасуди, нема пречки, одвлекување на вниманието за време на сексот - вие го обликувате сонот по своја мерка.

Може ли да се предизвика оргазам во сон?

Не е дека можеме да ви дадеме гаранција, но може да се проба.

Некои околности може да допринесат да сонувате секс и да доживеете оргазам.

Пробајте го следново:

  • размислувајте за секс: можете и пред спиење да одгледате некој еротски филм.
  • заземете удобна положба: многу од истражувањата покажаа дека физичките сензации не се неважни и дека оргазмот за време на спиењето се јавува почесто ако заспиете на стомак.
  • воздржувајте се од оргазам во текот на денот: воздржувањето од оргазам во текот на денот ќе доведе до полесно доживување додека спиете.

orgazam-vo-son-i-vlazni-sonista-sto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-doziveete-18-02.jpg

Дали секој сексуален сон може да заврши со оргазам?

Не! Луѓето најчесто се будат пред самиот крај.

Дали оргазамот во сон значи нешто?

Па, најдобро е да разговарате за ова со некој што толкува соништа.

Сметаме дека дефинитивно е подобро да доживеете оргазам додека спиете отколку да сонувате дека ве бркаат демони, убијци, дека се давите под вода или паѓате од карпа. Зарем не?! 

С. Ш. | Црнобело / фото: usplash.com

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg