Прашувам за пријател: „Имам слаб оргазам, речиси не го чувствувам, што не е во ред со мене?“ (18+)

„Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очекувањата дека секој оргазам треба да биде силен како земјотрес. Но, ако сакате да доживеете силен оргазам, постојат работи кои можете да ги пробате“, вели Џиџи Енгл, сексуален едукатор.

prashuvam-za-prijatel-imam-slab-orgazam-ne-go-chuvstvuvam-shto-ne-e-vo-red-so-mene-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде што луѓето поставуваат прашања анонимно, бидејќи им е незгодно да зборуваат јавно на одредени теми.

Eдно од прашањата од читателите гласи: „Имам слаб оргазам, скоро и да не го чувствувам. Што не е во ред со мене?“

Кога помислувате на оргазми, што си замислувате? Виткање на прстите на нозете од возбуда, тресење на нозете, тивко стенкање? Оргазмите се вака прикажани во медиумите и во еротските (и порно) филмовите.

Но, реалноста е често поинаква, а жените не доживуваат секогаш интензивни силни оргазми од кои им се тресе целото тело. Ниту еден оргазам не е ист, а жената може да доживее различно искуство зависно од видот на стимулацијата, но и од тоа колку силно се во моментот поврзани умот и телото.

Истражувачите од Карловиот универзитет во Прага проучувале група жени за да ги класифицираат различните видови женски оргазам: бран, вулкан или лавина, бидејќи сите тие се разликуваат по интензитет.

prashuvam-za-prijatel-imam-slab-orgazam-ne-go-chuvstvuvam-shto-ne-e-vo-red-so-mene8_copy.jpg

Според Џиџи Енгл, сертифициран сексуален едукатор, оргазмот е „ослободување на сексуалната напнатост од телото“. Токму затоа кај некои жени тој е посилен, а кај други е во блага форма, и скоро и да не се чувствува.

„Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очекувањата дека секој оргазам треба да биде силен како земјотрес. Но, ако сакате да доживеете силен оргазам, постојат работи кои можете да ги пробате,“ вели Џиџи.

Како до поинтензивен оргазам?

„Престанете да ги „осудувате“ вашите оргазми ако се слаби. Тоа само може да ја уништи вашата самодоверба.

Мислам дека кога ќе сфатиме дека оргазмите не се како во филмовите, ќе престанеме да очекуваме експлозија секојпат, и повеќе ќе уживаме и во сексот и во задоволството што го носи оргазмот“, вели таа.

Според Џиџи, клучот за поинтензивен оргазам е да престанете да се грижите толку многу за тоа како, кога или дали воопшто ќе го доживеете. Според неа, сè се сведува на врската помеѓу умот и телото.

prashuvam-za-prijatel-imam-slab-orgazam-ne-go-chuvstvuvam-shto-ne-e-vo-red-so-mene089329.jpg

„Кога се фокусирате на тоа да постигнете оргазам, го игнорирате она што всушност го чувствувате во моментот и се концентрирате на целта, наместо на патувањето.

Едноставно, со таков начин на размислување, не можете да бидете фокусирани на вашето тело. Следете го задоволството и фокусирајте се на она што прави да се чувствувате добро, па правете го тоа, без разлика дали ќе ве доведе до оргазам или не“, открива таа.

„Следењето на задоволството“ бара и ниво на љубопитност и експериментирање.

Она што на една личност ќе ѝ даде највозбудлив оргазам во животот, нема да возбуди некоја друга - затоа пронајдете го она што ви одговара.

Тоа може да биде играње со брадавиците, стимулација на клиторисот, на Г-точката или комбинација - но нема да знаете ако не пробате.

„Колку повеќе мастурбирате, толку подобро ќе го запознате своето тело и полесно ќе доживувате оргазам, бидејќи умот ќе ви стане усогласен со вашето тело. И не брзајте“, вели Џиџи.

prashuvam-za-prijatel-imam-slab-orgazam-ne-go-chuvstvuvam-shto-ne-e-vo-red-so-mene1_2.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“ Замислете ја ситуацијава, запознавате дечко, кој е забавен и фин, си разменувате...
Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Прашувам за пријател: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс“? (18+) Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg