Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“

„Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основаме семејство. Но, единствениот проблем е што тој честопати става 'лајк' на фотографии на Инстаграм објавени од други жени. Тоа прави да се чувствувам како јас да не сум доволна. Дали треба да го прифатам неговото однесување како дел од нашата врска?“

seksolog-i-terapevt-za-parovi-dava-odgovor-na-prashanjeto-dali-lajk-na-instagram-se-smeta-za-izneveruvanje-01.jpg

Не секое изневерување вклучува секс, па дури ниту физички контакт. Некои неверства се емотивни.

Исаја Мекими е сексолог и секс-терапевт која одговара на прашања од читателите на магазинот New York Post.

Една читателка ја прашува дали „лајковите“ на Инстаграм на фотки од други жени се всушност неверство.

Прашањето на читателката гласи:

„Веќе две години сум со моето момче и сакам да се венчаме и заедно да основаме семејство. Но, единствениот проблем е што тој честопати става 'лајк' на фотографии на Инстаграм објавени од други жени.

Тоа прави да се чувствувам како јас да не сум доволна. Неговиот одговор е дека не ме изневерува и дека само му е забавно. Дали треба да го прифатам неговото однесување како дел од нашата врска?“

seksolog-i-terapevt-za-parovi-dava-odgovor-na-prashanjeto-dali-lajk-na-instagram-se-smeta-za-izneveruvanje-03.jpg

Одговорот на Исаја е даден во продолжение:

„Без разлика дали ова се смета за 'изневерување' или не, вашиот дечко прави нешто што ве тера да се чувствувате непријатно, ве отфрла наместо да ги слуша важите проблеми и грижи. Ако не прави да се чувствувате добро, тогаш не треба да го прифатите неговото однесување.

Некои изневерувања се сосема јасни, но, треба да се има на ум дека не секое изневерување вклучува секс, па дури ниту физички контакт. Некои неверства се емотивни. Многумина за изневерување го сметаат и 'дигиталното' односно 'сајбер неверството'. Сè она што ги крши границите и довербата во вашата врска, може да се класифицира како неверство.

За некои луѓе можеби е прифатливо она што вашето момче го прави на социјалните мрежи. Но, за вас не е. И, тоа е сосема во ред. Не дозволувајте тој да ве убеди дека неосновано се грижите. За да постои здрава врска, партнерите треба да знаат да прават компромиси и да ги земат предвид потребите еден на друг. Изгледа дека вашето момче не е подготвено да го стори тоа.

Во здравата врска, постојат работи за кои треба да се направат компромиси, но ова не треба да биде една од тоа. Сите ние имаме суштински потреби и некои работи низ кои едноставно не можеме да преминеме. Ако го сториме тоа, на крајот ќе бидеме огорчени и незадоволни.

Ако сакате да направите компромис конкретно за овие постапки на вашиот партнер, тогаш ќе жртвувате некои од вашите основни потреби, да се чувствувате ценето, безбедно и сакано. Не го правете тоа.

seksolog-i-terapevt-za-parovi-dava-odgovor-na-prashanjeto-dali-lajk-na-instagram-se-smeta-za-izneveruvanje-02_copy.jpg

Обидете се повторно да разговарате со партнерот и без да се налутите, дајте му до знаење дека неговото однесување не е добро за вас и дека би сакале да престане. Ако е подготвен да ве сослуша, да ве разбере и да преземе одредени чекори за да ви помогне да се чувствувате посигурно во врската, постои надеж дека и двајцата би можеле да бидете среќни заедно.

Ако, пак, продолжи да ги отфрла вашите грижи, тоа ќе отвори многу прашања кои се важни за вашата иднина.

Вие заслужувате да се чувствувате ценети, безбедни и сакани во врската. Иако тоа не е целосно одговорност на вашиот партнер, ако не е подготвен да покаже емпатија и да преземе нешто за да ве поддржи во тоа, вашата врска никогаш нема да биде здрава.

Ако не може да го стори ова, тогаш најверојатно подобро е да излезете од таа врска“.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg