87-годишен маж со љубовно писмо ѝ ја честита 61-годишнина на својата сопруга

Боб Филипс и на своите 87 години не заборава на вистинската стара романтика. Љубовта кон неговата сопруга Гејл со која е 61 година во брак, не запрела ниту за момент.

najromanticnoto-ljubovno-pismo-kako-cestitka-za-61-godina-brak-01

Тоа може да се види и по љубовното писмо кое го објавил во еден весник како честитка за годишнината.

Она што Боб го опишува во писмото, за тоа што правел сите овие години и какви се сè уште неговите чувства кон Гејл, ќе ве разнежни и ќе ве натера да поверувате во вистинска и вечна љубов која трае без разлика на сè.

Вака изгледа краткото писмо, полно со љубов и повреден од секој подарок:

„Драга Гејл,

Секоја недела ги разгледував сликите од невести објавени во весниците. Барав да најдам дали има некоја толку убава невеста како што беше ти. Тоа го правев од 27 јуни 1953 година. Всушност, веќе го знам одговорот. Нема и нема да има поубава невеста за мене, бидејќи ти си ми и сега еднакво прекрасна. На нашата свадба ти беше најубавото нешто што сум го видел во животот. Вистината е дека сè уште си. Среќна годишнина, мила. Ме направи и сè уште ме правиш најсреќниот човек и најблагодарниот сопруг што некоја невеста може да го посака. Со задоволство би поминал уште 61 година во брак со тебе. Дури и потоа се молам да останеме заедно во вечноста.

Сета моја љубов,

Боб“

najromanticnoto-ljubovno-pismo-kako-cestitka-za-61-godina-brak-2.jpg

najromanticnoto-ljubovno-pismo-kako-cestitka-za-61-godina-brak-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg