Компромиси кои треба да ги правите во име на љубовта

Постојат многу работи кои никако не треба да ги жртвувате со цел да ја спасите врската, но понекогаш компромисите можат да бидат одлично нешто кое ќе го направите во име на љубовта.

kompromisi-koi-treba-da-gi-pravite-vo-ime-na-ljubovta-1

Секој човек и секоја врска се различни, но постојат специфични проблеми кои може да ја доведат врската пред самиот нејзин крај.

Затоа, сериозните двојки мора да се стремат да ја пронајдат златната средина во врската:

1. Колку често имате секс?

Кога двојката има различни сексуални желби или различни сексуални стилови, како на пример, ако едниот сака да експериментира, а другиот не сака новитети тогаш на сила доаѓа законот за компромиси.

Никогаш не треба да одите премногу далеку од својата зона на комфорот, но можете малку да мрднете за да се усреќите себе и другиот.

2. Колку често ги посетувате роднините?

Ова важи особено за двојките кои скоро влегле во брак, трикот се состои во договарање кои роднини да се посетат. Ако влезете во кавга дека повеќе одите кај роднините и родителите на партнерот, отколку кај вашите може да предизвикате фрустрација и напнатост во врската.

Компромисот кој треба да го направите е да се потрудите повеќе да ги засакате роднините на партнерот исто како да се ваши и заеднички да направите план кој празник каде ќе го поминете.

3. Како ги трошите парите?

Добро е ако имате слични филозофии за тоа како да штедите и кога да трошите, но финансиите никако не смеат да се водат според желбите на една личност.

Парите се најчести виновници за кавга меѓу луѓето во врска и брак, па затоа најдете златна средина и имајте заеднички буџет за кој ќе направите разумен план. 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg