Зошто лошиот секс е добро искуство?

Лошиот секс е добро искуство - иронична, но сепак вистинита реченица која доколку ја анализирате ќе сфатите за што станува збор.

zosto-losiot-seks-e-dobro-iskustvo-01.jpg

Доколку ве мрзи да го направите тоа, ова е кратко појаснување кое ќе ви даде јасна перцепција зошто сексот со вашите бивши партнери иако бил лош, делувал позитивно на вас.

- Тој што се срамел од своето тело ве научил дека треба да го сакате вашето тело и да бидете храбри да го покажувате пред партнерот иако не е совршено. На крајот од краиштата никој не е совршен, но тоа не мора да ве спречи да имате совршен секс.

- Тој што не знаел за пози и внимавање на детали за време на сексот, ве научил дека деталите понекогаш се многу важни, а позите мора да се менуваат доколку не сакате монотон секс.

- Тој што ви укажувал на недостатоците за време на секс, ве научил дека секогаш може да станете подобри од тоа што сте, независно дали во кревет или во некоја друга област од животот.

- Тој што не ве сакал, а имал секс со вас, ве научил дека љубовта нема врска со сексот.

- Тој што не ве задоволувал доволно и гледал само да ја задоволи својата страст, ве научил дека обостраното задоволство е неопходно.

- Тој што имал „само секс“ со вас, ве научил како да ја воочувате разликата помеѓу сексот и водењето на љубов.

- Тој што ве натерал да експериментирате со разни играчки за време на секс, ве научил дека понекогаш е интересно да се испробаат нови работи во сексот, како и во животот.

- Тој што бил ваш прв сексуален партнер, ве научил дека не треба прерано да донесувате одлуки и да кажете да, доколку вашето срце кажува не.

- И за крај, партнерот со кој сте имале најлош секс досега ве научил дека добриот секс е пресуден за една успешна врска.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg