5 знаци кои откриваат дека сте со маж кој вреди да го задржите

Покрај пеперутките во стомакот, прескокнувањето на срцето кога го гледате и пријатното чувство кое ви струи низ телото додека се бакнувате, постојат уште 5 малку поприземни знаци кои откриваат дека покрај вас го имате вистинскиот маж.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-pokraj-vas-go-imate-vistinskiot-maz-01.jpg

Ако го препознаете вашиот партнер во овие 5 карактеристики, верувајте дека вреди да се потрудите да го задржите.

Знае што сака

Момчето со кое планирате сериозна врска би требало да си ги знае своите желби и страсти. Тој би требало да ги има утврдено своите цели во животот, за вие да процените дали истите се поклопуваат со вашите. Во спротивно, ако верувате дека има време да сфати што сака во животот, што ќе се случи ако неговата идеја за иднината нема да ве вклучува и вас?


Работите ги гледа од позитивната страна

Научно докажано е дека жените кои се во врска со оптимистични мажи се многу посреќни во врската. Нивото на оптимизмот на партнерите има големо влијание за успешноста во врската. Затоа многу е важно тој да биде вашата ведрина кога ќе се борите со најтешките проблеми.


Подготвен е да се промени за вас

Вистина е дека не можете да го промените човекот, но вашето момче би требало барем да се обиде да ги промени работите кои ви пречат. Ако неговото однесување ве иритира, најмалку што може да направи е да ве сослуша. Што е уште поважно, човекот би требало да има способност за прилагодување. Така, ако тој е љубител на бокс, а вие на уметност, што ќе го чини ако одвои неколку часа за да го посети вашиот омилен музеј?


По малку е мистериозен

Почетокот на врската е секогаш возбудлив затоа што постојано се запознавате. И токму така треба да остане. Ако никогаш не можете со сигурност да го предвидите неговиот следен чекор, тоа е сосема во ред. На почетокот можеби ќе копнеете по поголема блискост и споделување на многу лични информации, но со тек на времето ќе разберете колку всушност ја сакате таа негова мистериозност. Сепак, таа не смее да се граничи со тајни и лаги, имајте го тоа на ум.


Одговорно располага со пари

Конфликтите поврзани со финансиите се јавуваат во секое партнерство, па затоа начинот на кој располага со пари открива многу за неговиот карактер. Како позитивни знаци секогаш се издвојуваат платените сметки, покриениот минус во банката и купувањето на попуст.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg