7 причини зошто да се заљубите во помлад маж

Годините веќе одамна не се причина да ја спречувате љубовта. Затоа, ако некогаш се најдете во љубовна врска со помлад маж, не им подлегнувајте на стереотипите дека тој не е доволно зрел или дека никогаш нема да научи да ве сака.

7-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-pomlad-maz-01.jpg

Послушајте го срцето и овие 7 причини зошто врската со помлад маж е секогаш одлична:

1. Има прилично мал љубовен багаж

Искуството си доаѓа со годините, па токму затоа помладиот партнер има многу помал љубовен багаж, помалку бивши девојки и разочарувања. Набрзо ќе разберете колку е лесно да бидете со маж кој не ги влече проблемите од минатото, затоа што се минимални.


2. Сексуално е поактивен и поиздржлив

Ова е возбудливо. Можеби ќе треба да го научите неколку трикови во креветот, но кога еднаш ќе ги усоврши, ќе ви се исплати сиот вложен труд.


3. Големи се шансите дека е авантурист и многу позабавен од вас

Нема подобар љубовен предизвик од маж кој е во постојано движење и кој постојано сака да ви открива нови хоризонти, видици, па и потполно поинакви светови.


4. Ве одржува млади и здрави

Ако видите жена која изгледа многу помладо од нејзината вистинска возраст, голема е веројатноста дека покрај себе има помлад маж. Неговите години им даваат на повозрасните жени елан за борба со вечната младост.

7-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-pomlad-maz-02.jpg

5. Го цени вашето искуство и вашата независност

Мажите ги сакаат цврстите ставови и мудрите совети кога им се неопходни, па затоа секогаш се благодарни што покрај себе имаат жена која има што да понуди.


6. Светот се врти околу вас

Спротивно од постарите мажи кои се опседнати со својата кариера, полни се со стрес и грижи, помладите мажи знаат како да ви се посветат. Вие сте центар на нивните случувања и не се срамат од тоа.


7. Обожаваат кога ќе ве импресионираат

Помладите мажи секогаш ќе се потрудат малку повеќе за да бидат најдобрите, најпаметните и најубавите во вашиот живот. Што воопшто не е лошо...


Ако ги пропуштивте 12-те причини зошто да се заљубите во постар маж, прочитајте ги тука.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg