Шест мажи со кои не требаше да бидам откако раскинав долга врска

Секое раскинување е проблематично, тешко и неподносливо. Не е едноставно да се навикнете дека немате веќе на кого да му се јавите во секое време, нема некој кој постојано го очекувате, некој кој се грижи за вас или некој без кој не можете да си го замислите денот.

sest-mazi-so-koi-ne-trebase-da-bidam-otkako-raskinav-dolga-vrska-001

Сакале или не, доаѓа денот, кога сте оставени сами на себе и треба да сте подготвени и храбри за да се соочите со тој период.

Но, многумина не успеваат да си ги совладаат навиките, потребите, емоциите, а не се подготвени ниту да се соочат со конкретната личност, па го одбираат полесниот пат.

Се бара замена за она што го нема и за жал, секогаш се завршува со погрешни.

Ова се моите 6 мажи со кои бев откако раскинав со момчето и искрено се каам:

1. Мојот стар пријател

Во периодот на депресија и тага, излегувањето со друштво ми се чинеше како добра идеја за да си ги оттргнам мислите. Во една таква вечер, со малку повеќе алкохол и опуштање, наеднаш завршив во кревет со еден пријател. Се познававме добро и ми се чинеше во ред да бидам со него за да не мислам на бившиот. Но, дефинитивно нема ништо попогрешно од тоа да имаш секс со некој за кого немаш чувства. Ниедни емоции не се бришат со други. Потребно е само време.


2. Непознат за една вечер

Се запознавме преку веб-страница за дружење, излеговме, се опијанивме и завршивме во неговиот кревет. Бевме јасни дека тоа е само за една вечер. Утредента се чувствував толку засрамено и понижено од сама себе, што зажалив за секој момент. Притоа, повторно се потврди дека сексот што не е со оној што го сакаш е најужасното нешто.


3. Постар маж

Решив да си дадам поинаква шанса и да почнам од почеток со нешто ново. Запознав повозрасен господин, џентлмен. Ме носеше на вечера, се однесуваше пристојно и културно, за ништо не брзаше и ништо сериозно не очекуваше од мене. Сè се одвиваше спонтано, но јас не го запрев во ниеден момент. Се гледаше дека тука нема хемија, туку чист интерес. Сега жалам што наеднаш дозволив да бидеме толку интимни и сè да заврши погрешно и набрзина.

sest-mazi-so-koi-ne-trebase-da-bidam-otkako-raskinav-dolga-vrska-1.jpg

4. Пријател на пријателот

Една вечер бевме излезени со моја другарка, нејзиното момче и негов пријател. Одлично се одвиваше цела вечер, супер се дружевме и многу спонтано ни дојде да станеме поблиски до крајот на вечерта. Лошото е што кога се вративме во станот сите четворица ние завршивме на каучот заедно и се предадовме на емоциите, без да помислиме на останатите околу нас. Она што е најпогрешно кога ќе се вплеткате со некој од истото друштво, е тоа што наеднаш потоа вашиот интимен живот станува јавен. Ова не беше само љубовна, туку и животна лекција.


5. Погрешен тип

Многу често се случува после раскинување со еден тип на момче да посакате нешто сосем поинакво и различно. Тоа е најголема грешка, особено ако тоа го правите без некој посебен критериум. Жалам што завршив со момче со кое ми се чинеше дека сме од тотално различни светови, не си одговаравме ниту ментално ниту сексуално. Но, ми беше лекција за да не помислам веќе на таква опција.


6. Момче за редовен секс

Ова е можеби најлошата ситуација кога не разговарате доволно, а се гледате често и редовно, па секој има различни очекувања. Ако трае подолг период, тоа може да биде скоро еднакво болно како раскинување, во моментот кога на едниот тоа му е навика и потреба, а другиот сака да направи промена.

sest-mazi-so-koi-ne-trebase-da-bidam-otkako-raskinav-dolga-vrska-2.jpg

На крајот, од сите мои искуства, сфатив дека е важно да се дозволи чувствата сами да спласнат, да помине време и спонтано да ви се случат нови познанства и нови врски. Сексот е важен, но никогаш не може да биде единствен клучен дел од врската. Ниту сексот без чувства може да ве натера да ги заборавите оние кои сте ги имале претходно. Најважно е да не се принудувате на нешто што реално не го посакувате, туку да дозволите срцето да ви се залечи, па да продолжите напред.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg