Не, не сте совршени! Ова се причините поради кои немате момче

Понекогаш не е сè во физичкиот изглед. Не значи дека ако изгледате совршено сите ќе ве сакаат, ниту дека ако имате некои надворешни неправилности, нема да ве сака никој.

ne-ne-ste-sovrseni-ova-se-pricinite-poradi-koi-nemate-momce-001.jpg

Иако според девојките најголем проблем е ако имаат мали гради или вишок килограми, сепак вистината е сосема поинаква.

Постојат 8 работи кои ниеден маж не сака да ги види кај жената

1. Премногу шминка

Пудрата не се става во голема количина, а нијансата не треба да се разликува премноу од природната боја на кожата. Исто така, линијата до каде што е нанесена пудрата е многу воочлива и ниеден маж не сака да ја види. Црвениот кармин рано наутро, спиење со шминка или одењето во теретана со шминка е тотално одбивно и забрането.

2. Рани од мозолчиња

Без разлика дали на лицето или на телото, нема полоша слика од нездрава кожа полна со рани. Ако имате таков проблем, подобро вложете пари во третмани и препарати, отколку да решите сами да се справувате гребејќи го лицето и стискајќи ги мозолчињата. Така може само да си направите поголем проблем.

3. Тетовирани веѓи

Колку и да се работи за некој тренд, мора да внимавате дали воопшто одговараат на вашата физиономија и дали имате потреба. Природниот изглед е мошне важен, па ако не ја задржите формата при исцртувањето, може да добиете сосем нов изглед кој воопшто нема да ви одговара. Дури и исцртувањето со моливче мора внимателно да го правите за да не добиете спротивен ефект.

4. Изгорена жолта коса

Некои истражувања тврдат дека мажите прво на жените ја забележуваат косата. Исто така, повеќето мажи сакаат долга коса. Сепак, ако косата ви е само долга, но не е негувана, тоа не значи дека со сигурност некој ќе се заљуби во вас. Пред сè, бланшот не се произведува за да ја изгорите косата. Препуштете го фарбањето на професионалците.

ne-ne-ste-sovrseni-ova-se-pricinite-poradi-koi-nemate-momce-01.jpg

5. Кратка маица и сало на стомакот

Мажите го сакаат убавиот женски стомак и стомачните мускули. Иако не е препорачливо секојдневно да шетате во кратки маички, летото е одлична можност за да го покажете своето извајано тело. Сепак, често се забележуваат и девојки со вишок килограми кои самоуверено шетаат со тесни, кратки маички и тоа воопшто не изгледа привлечно.

6. Грицкање нокти

Кога и да ги ставите прстите во уста, само замислете дека има 5000 калории и бактерии, па може ќе се премислите. Тоа е одвратна навика која покажува дека сте емотивно нестабилни. Убавите нокти многу зборуваат за вас и мажите сакаат да видат негувани раце и нокти.

7. Чизми на сред лето

Девојка во шорцеви и чизми на 40 степени воопшто не изгледа привлечно, дури ве тера да се запрашате како можела да излезе така или којзнае какви ѝ се стапалата. Ако чизмите биле за во лето, тогаш немало да се измислат сандалите.

8. Пушење на улица

Посебно негативна глетка за мажите од страна е кога ќе видат девојка која пуши цигара на улица или автобуска станица. Нема нешто полошо од тоа кога девојката вовлекува од цигарата, додека се приближува автобусот и набрзина ја фрла каде стигне. Ако веќе пушите, барем правете го тоа како вистинска дама.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg