Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Остани со девојката која си ја сака слободата!

Ти пречи што не се гледате секој ден, не сте заедно 24/7, а неа не ѝ пречи кога не знае каде си?

ostani-so-devojkata-koja-si-ja-saka-slobodata-1

Не се нервирај, бидејќи таа ти верува. Ти верува бидејќи мисли дека и ти ѝ веруваш, затоа остани со неа, немој да ја оттурнуваш од твојот живот со тоа што ќе ѝ ја забраниш слободата.

Таа не сака да биде постојано во твоја близина, прифати го тоа како што таа прифатила ти да си понекогаш со своите пријатели или самиот со себе уживајќи во твојата слобода.

Таа не ти забранува ништо, нели? Не ѝ забранувај ни ти, бидејќи верувај ќе си замине...

Но, доколку го послушаш нејзиниот внатрешен глас кој ти кажува дека треба да ја ослободиш и ако го направиш тоа, ти ќе бидеш најсреќниот и најслободниот маж на планетата иако си во врска.

Остани со оваа девојка, девојката која си ја сака слободата бидејќи таа ја сака и твојата слобода, ти овозможува да ѝ недостигаш.

Остани со девојката која си ја сака слободата бидејќи таа знае дека сè зависи од неа, не зависи од тебе, нема да зависи никогаш.

Не сака ниту ти да зависиш од неа, сака да бидеш независен.

Па што ако заминала сама на кафе или на прошетка во планина, што ако не сака да те види неколку денови сакајќи да одмори од твоето друштво?

Тоа не значи дека не те сака, туку значи дека си ја сака слободата. Те сака и тебе, а сака и да се осознаеш самиот себеси подобро уживајќи во сопственото друштво како што тоа го прави таа.

Остани со девојката која си ја сака слободата бидејќи таа никогаш нема да ти забранува, никогаш нема да те испрашува каде си бил, со кого си бил, зошто не си ја побарал цел ден...

Повторно потсети се дека таа ти верува тебе и на твојата слобода и знае дека нема да ја изневериш сè додека ја разбираш.

Во оној момент кога ќе се почувствува загрозена од монотонијата и постојаното објаснување, секојдневното загушување во твоите прегратки, таа ќе избега.

Не дозволувај го тоа и спречи го пред да биде предоцна, но не со заминување, туку остани и разбери ја.

Остани со девојката која си ја сака слободата, остани бидејќи само така двајцата ќе бидете во врска и ќе се чувствувате слободно.

А што е љубовта ако не слобода?

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg