10 причини зошто жените кои читаат се подобри животни партнери

Во ерата на модерна технологија и експанзијата на социјалните мрежи, читањето како да стана ретро активност. Но, ако пронајдете жена која сè уште ја има таа навика, не се одвојувајте од неа.

10-pricini-zosto-zenite-koi-citaat-se-podobri-zivotni-partneri-01.jpg

Ова се 10 причини зошто би требало да се врзете со девојка која обожава да чита:

1. Знае како да ужива времето посветено на себе

Лицата кои читаат знаат како да се занимаваат со часови без да им биде неопходно нечие присуство. Баш затоа што знаат како да уживаат во слободното време и воедно да изгубат чувство за минутите и часовите кои поминале, нема да ви прават никаков проблем ако се задржите на работа или едноставно сте сакале да испиете пиво со пријателот.


2. Емпатична е

Истражувањата покажуваат дека личностите кои повеќе читаат имаат поразвиено чувство за емпатија, затоа што често одат во чевлите на омилениот јунак.


3. Размислува критички

Жената која постојано чита нема проблем со тоа да биде ставена пред тешка одлука. Таа знае рационално и критички да го разгледа секој проблем, а покрај тоа лицата кои читаат имаат поразвиени аналитички способности и подобро се снаоѓаат во наизглед безизлезни ситуации.


4. Едноставна е кога треба да ја забавувате или изненадите

Доволно е да ја однесете во книжара и да се чувствува како да е во рајот.


5. Можете многу да научите

Личностите кои читаат имаат способност да акумулираат многу факти и многу полесно можат да ви ги објаснат работите кои ве интересираат.

10-pricini-zosto-zenite-koi-citaat-se-podobri-zivotni-partneri-02.jpg

6. Љубопитна е

Константната желба да открие што повеќе постојано ќе ве одржува во интересна врска.


7. Нема да има проблем со слушањето

Секако, оној кон поминува часови читајќи туѓи приказни, никогаш нема да има проблем да ги ислуша приказните на животниот партнер.


8. Нема да се мислите што да и купите

Книга или повеќе книги замотани со црвена машна - и сте ја направиле најдобрата работа на светот!


9. Нејзината меморија го памети секој детаљ

Вашиот омилен пијалак? Роденденот на вашата мајка? Не е проблем. Читањето ја развива меморијата, а таа е корисна за сите важни датуми, случувања и моменти кои вие ги заборавате.


10. Влијае на вашата едукација

Најдобрата работа кај жените кои читаат е што можат да ве натераат и вие почесто да ја практикувате оваа активност, во замена за дремење на Фејсбук и Инстаграм. А, и многу е попријатно да лежите еден до друг и да читате интересни книги наместо да играте Candy Crush.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg