Со секое оставање ја учиш како да живее без тебе

Жената е понежната половина на мажот, но тоа не значи дека не е доволно силна да се оддели од него и да го остави како никогаш да не била негова половина.

so-sekoe-ostavanje-ja-ucis-kako-da-zivee-bez-tebe-1

Напротив може да си замине и да го скрши на половина мажот, кога најмалку очекува.

Мажите кога ќе најдат жена што ги сакаат повеќе од доволно, мислат дека таа ќе остане со нив засекогаш, без разлика како и да се однесуваат со неа.

Мислат дека ако ја оставаат кога ќе им текне, таа повторно ќе се врати.

Навистина, можеби некогаш се враќа, но со помалку солзи, повеќе храброст и сигурно помалку љубов од претходно.

Тоа што се случува во главата на жената откако ќе ѝ раскине мажот кој го сака неизмерно без посебна причина е следното:

Таа на почеток негира дека тој што ја оставил го направил истото свесно, не размислувајќи за последиците.

Следното утро се соочува дека сега е сама и не постои веќе тој некој кој ѝ посакувал „Добро утро“, во тие моменти застанува пред огледало и си вели самата на себе „Добро утро“.

Во текот на денот извршува сè што ѝ е предвидено без грешка и без пропуст, а додека го прави тоа сè уште размислува за тоа што ѝ се случило.

Кон крајот на вечерта сфаќа дека тој некој кој бил доволно храбар да ја остави, не ја сакал доволно, а на една силна жена како што е таа не ѝ е потребен некој таков.

Потребен ѝ е некој што ќе ја сака доволно, можеби и повеќе отколку што се сака самата себеси.

Тогаш го облекува најубавиот фустан, ја прави најубавата фризура, го става најубавиот кармин и најскапоцениот накит на себе, а тоа е насмевката.

Така скоцкана излегува во потрага по вистински маж и на патот налетува на овој лажниот.

Ја слуша неговата вилица како паѓа на земја и знае што ја очекува, пропуштен повик и молба за средба и повторно помирување.

Доколку сè уште те сака секако дека ќе ти даде уште една шанса, но нема да ти верува и така сè додека не ја оставиш повторно и не си дадеш шанса да не ја видиш никогаш повеќе.

Односно ќе ја видиш, но фатена за рака со некој друг, подобар од тебе кој не ја оставил, туку останал.

Ќе ја видиш така убаво насмеана, како живее, додека ти умираш и дури тогаш ќе сфатиш дека со секое оставање си ја научил како да живее без тебе, со некој друг.

Ама тогаш пријателе, доцна е бидејќи таа никогаш повторно нема да му се врати на некој што ја скршил, штом нашла човек кој сака да ги залепи сите нејзини делови во неговото срце.

Во тие моменти, ти си оној скршениот кој треба да научи како да живее без неа. Учи баш од таа што си ја скршил, учи од најдобрата!

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg