Бараш љубов од друг кога не се сакаш самиот себеси доволно!

Многу луѓе се несреќни во љубовните врски бидејќи бараат некој да ги сака на начин на кој што тие сакаат, но тоа ретко кога се случува.

baras-ljubov-od-drug-koga-ne-se-sakas-samiot-sebesi-dovolno-1

Во тие моменти луѓето не сфаќаат дека ако некој не ги сака на начин на којшто бараат тие, тоа не значи дека не ги сакаат воопшто.

Но, луѓето го мислат баш спротивното и како што е наведено тоа предизвикува чувство на тага, несреќа и меланхолија како последица од негативни мисли.

Тие негативни мисли навидум изгледа како да доаѓаат од фактот со кој луѓето се соочуваат, а истиот не постои, дека нивниот партнер не ги сака.

Но, суштината на овие мисли впрочем е многу подлабока, бидејќи доколку се работи за зрел, самоуверен човек кој се сака себеси, нема да има ваков проблем во врската.

Она што треба да се разбере од оваа реченица е дека човекот кој упорно бара љубов од сите, а најмногу од својот партнер и ако не ја добива на начин на кој што тој сака, тогаш тој не се сака себеси доволно или воопшто.

Поради тоа бара да го сака некој друг за да му даде причина да мисли дека вреди самиот да се сака.

Но, тоа е погрешен ментален став кој многу луѓе не знаат дека го поседуваат бидејќи никој не сака да си признае дека не се сака себеси доволно, сепак тоа е вистината.

Бараш љубов од друг кога не се сакаш самиот себеси!

Затоа доколку сакате да сте среќни во една врска, сакајте безрезервно на ваш начин и не барајте за возврат.

Оставете партнерот да ве сака на негов начин, но доколку тој е оној кој бара љубов очајно од вас, бидете внимателни и објаснете му дека секој човек кој се сака себеси не се грижи дали останатите го сакаат или не.

Тој верува дека љубовта привлекува љубов, онаа вистинската, доколку не е така, самото тоа ќе излезе на виделина и без да бара љубов.

Уште денес заљубете се самите во себеси и запомнете дека љубовта кон себеси е најважна, бидејќи никој не може да ве сака на начин на кој што може да се сакате себеси.

Кога ќе го сфатите ова ќе бидете многу посреќни како самите за себеси така и во врската со партнерот.

Тоа е така бидејќи љубовта е да даваш, а да не бараш за возврат, да сакаш, но да не очекуваш да те сакаат на начин на кој што ти го правиш тоа, туку на начин на кој што луѓето знаат и умеат да те сакаат.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg