Најсочните лаги кои луѓето ги кажале за време на секс

Понекогаш се случува да правиме некои работи или да глумиме најлуди оргазми само за да не ја повреди ме личноста на другата страна. Реалноста е сосема поинаква.

najsocnite-lagi-koi-lugjeto-gi-kazale-za-vreme-na-seks-001.jpg

Еве неколку мрачни тајни кои анонимните корисници на Wisper апликацијата ги споделиле.

1. „Мојот бивши дечко ме праша дали некогаш размислувам за жени за време на сексот. Го излажав и му реков дека не размислувам“.

2. „Со сила стенкам и глумам дека доживувам оргазам за време на сексот со дечко ми. Реалноста е дека воопшто не ме возбудува, ама не сакам да го повредам“.

3. „Го лажам дечко ми дека го има најголемиот пенис што некогаш сум го видела. Просечен е, но е така сладок кога ќе се возбуди“.

4. „Случајно малку се измочкав на дечко ми за време на сексот и го излажав дека сум имала женска ејакулација. Се чувствувам лошо поради тоа“.

5. „Кога ќе заспијам за време на сексот му кажувам дека сум била премногу пијана. Вистината е дека е лош во кревет и досадно ми е“.

najsocnite-lagi-koi-lugjeto-gi-kazale-za-vreme-na-seks-1.jpg

6. „Кога кажувам посилно за време на сексот воопшто не мислам така. Само сметам дека тоа ги пали момците“.

7. „Го лажев бившиот дека ме возбудува. Вистината е дека никогаш не сум доживеала оргазам“.

8. „Еден дечко го излажав дека ми е прв затоа што за време на сексот добив менструација“.

najsocnite-lagi-koi-lugjeto-gi-kazale-za-vreme-na-seks-2.jpg

9. „Секогаш сум тивок за време на сексот, ама во последно време лажно се обидувам да стенкам за да помисли дека добро и оди. Ќе се убијам ако и ја кажам вистината“.

10. „Еднаш извикав име на друга девојка за време на сексот и и реков дека на глас размислувам за име на детето во случај да забремени“.

11. „Му реков на дечко ми дека не можам да се навлажнам како резултат на лекот кој го пијам. Лажев.“

12. „Почнав да плачам за време на сексот и на дечко ми му реков дека тоа е така затоа што многу го сакам. Вистината е дека почнав да размислувам за тоа колку ми недостига бившиот“.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg