Што кога конечно си сингл и задоволна, а Вистинскиот те чека на врата?

Конечно престанавте да се грижите за тоа што мислат другите и постојано проблемот и мааните да ги барате во себе и одлучивте да се прифативте.

sto-koga-konecno-si-singl-i-zadovolna-a-vistinskiot-te-ceka-na-vrata-01

Сега се сакате, исполнети сте и сметате дека сте си доволни сами на себе за да бидете среќни. Не ви е потребен маж за да се чувствувате целосно, сакано и нормално.

Имате работа која ве исполнува, пријатели кои ве сакаат онакви какви што сте, бројни интереси, хоби, никој не ве ограничува. Сте ја откриле внатрешната слобода, веќе не чувствувате болка, страв или зависност. И токму во тој момент го запознавате Вистинскиот, кој наместо само да ви ја надополни среќата повеќе ве загрижува. Што ќе правите со него? Како, кога, каде беше досега? Зошто се појавува сега кога си го средивте животот?

Она што до скоро го посакувавте ви станува предизвик за кој можеби не сте доволно подготвени да одговорите. Сега кога ви е добро да сте сингл треба нешто да менувате и да се трудите и некој друг да пуштите да биде дел од вашиот живот. Зошто?

Многу е едноставно. Затоа што дури сега кога сте оствариле длабока и трајна врска сами со себе во состојба сте да го постигнете истото и со нова личност. Затоа што таквата личност е привлечена од вашите среќни вибрации. Сите претходно кои толку сте ги преживувале, за кои сте страдале, биле привлечени од вашите ниски фреквенции на некаква потреба.

Ви беше потребно да сакате безнадежно, да искусите романтичен занес, да ги откриете своите капацитети за предавање и наеднаш доаѓа некој да биде ваша најголема љубов и целосно да го разниша вашиот баланс кој умешно го одржувавте.

sto-koga-konecno-si-singl-i-zadovolna-a-vistinskiot-te-ceka-na-vrata-1.jpg

Наеднаш сфаќате дека не мора сè да правите сами и дека тој некој е тука за да ве утеши, да се грижи за вас, да ве почитува како жена, да ви даде шанса и да лудувате и повторно да се вратите кај него.

Сфаќате дека некој е тука за да ви го надополни и збогати животот, тој некој е важна личност, но сè уште одбивате да го пуштите во својот живот. Се воздржувате бидејќи искуството ви кажува дека поврзувањето е напорно и болно.

Треба да запознаете некој нов, да се навикнувате на него, да се зближувате, да дозволите да ви стане важен, да развиете свое чувство за него, да се отворите и да станете ранливи. Повторно. Но, воопшто не сте сигурни дали тоа го сакате.

Почнувате да се чувствувате несигурно, бидејќи ако го пропуштите она што ви се нуди може да останете самозадоволна чудна девојка чие чувство за нормала полека се искривува и влегува во илузија која добро ѝ служи за да се одбрани и да ги задржи ѕидовите на удобноста и сè она што е така лесно и пријатно кога си сам.

Но, кога ќе дојдете дотаму, одговорите сами ќе ви се наметнат, а предизвиците кои ја нарушуваат вашата удобност ќе ви станат авантура која ќе ја живеете среќно и благодарно до крајот на животот.

sto-koga-konecno-si-singl-i-zadovolna-a-vistinskiot-te-ceka-na-vrata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg