Само 3 работи се доволни за тој да полуди по вас

Скоро секоја девојка се нашла во ситуација да се запраша што треба да направи или како да се постави кон оној што ѝ се допаѓа.

samo-3-raboti-se-dovolni-za-da-poludi-po-vas-01

Се бараат начини, игри, трикови за привлекување, но потребно е да му го свртите умот на вистински начин за да не почувствува притисок и да исчезне, туку да „одлепи“ и да остане.

1. Не барајте само да ја одигра улогата која сте му ја дале

Еден од најголемите стравови кои го имаат мажите е дека жената очајнички бара сопруг и дека секој може да ѝ одговара. Мажите сакаат партнерка која ќе ги прифати поради нив самите.

Истиот момент кога ќе сфати дека постојат скриени планови, покрај оние за да се запознаете подобро, автоматски ќе се затвори во себе и неговата заљубеност ќе спласне.


2. Покажете му дека не вие проблем да заминете

Кога мажот мисли дека целиот ваш живот се врти околу него и дека веќе сте одлучиле дека тој е тој, дури и пред да разговарате за заедничката иднина, ќе почувствува притисок. Не само тоа, туку ќе смета дека мора да ги исполни вашите очекувања, но во исто време ќе биде нервозен поради можниот неуспех. Наместо тоа, мора да му покажете дека сте пребирливи.

Дајте му до знаење дека иако ви се допаѓа, сепак имате опции и да го контролирате сето она што ви се случува во животот.

Покажете му дека имате живот и надвор од врската. Занимавајте се со своето хоби, излегувајте со пријателите и семејството, подобрете ја вашата кариера и животот. Тогаш ќе биде среќен што во вашиот зафатен живот има место и за него, па ќе се труди да остане.


3. Неговиот живот е подобар кога го поминувате заедно

Создавајте позитивни искуства заедно со него. Мажите не може едноставно да ги натерате на врска, туку мора да создадете вистинска атмосфера која ќе доведе до негова емотивна реакција.

Вистинска атмосфера подразбира да ги правите оние работи во кои двајцата уживате. Сите тие радосни случувања ќе му покажат дека сте девојка која е спонтана и разиграна, а тоа е типот на девојка по која секој маж „одлепува“.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg