Лекции кои ги учите од лошиот секс

Кога ќе искусите вистински лош секс, учите како да си обезбедите подобар. Кога имате многу добар секс, кога навистина уживате и подигнете ги своите стандарди на ниво на своите капацитети, тогаш знаете колку се разликува лошиот секс од просечниот и колку најлошите искуства всушност се најодговорни за откривање на најдобрите.

lekcii-na-koi-ve-uci-losiot-seks-01.jpg

1. Просечниот секс не функционира

За вас тоа значи оргазам или два, ако успеете да ја погодите правилната стимулација и чувството дека не сте фрустрирани и може да се посветите на позабавните работи. Оние кои откако имаат секс, постојано им е одличен со секој партнер, веројатно се задоволуваат со просечноста. Не доживеале навистина лош секс, ниту навистина одличен секс кој дава фантастично чувство.


2. Нема да се прелажете со „мачка во торба“

Се обидувате со нов партнер, еднаш, двапати, петпати...десет. До десеттиот пат тремата би требало да биде совладана, а сексуалните навики и вештини или невештини да излезат на површина. Ако десет пати сте имале лош секс веројатно ќе сфатите дека не може да очекувате дваесеттиот пат да биде подобар, бидејќи повторувањето и трудот не водат никаде.

Партнерот свршува пребрзо, ја губи ерекцијата и не е заинтересиран да ви пружи задоволство на некој алтернативен начин. Во тој случај, не е во состојба да ви биде партнер. Каков е во креветот, таков е и во врската. Сексот навистина го разоткрива човекот и оној кој е лош во креветот, не може да биде многу подобар ниту во другите заеднички интереси.

lekcii-na-koi-ve-uci-losiot-seks-2.jpg

3. Кога ќе откриете што не сакате, ќе дознаете и што сакате

Некои допири се едноставно неподносливи, некои грешки не се простуваат, некои постапки се тотално одбивни. Кога ќе се почувствувате лошо додека некој ве стиска, штипе, гребе како да се обидува да ви ја извади кожата, да се однесува грубо и насилно, без разлика што тоа го прави преку „страстен“ бакнеж или интензивен секс, не ви преостанува ништо друго, туку да почекате да заврши и вие да завршите со него засекогаш. После тоа сигурно ќе знаете што не би толерирале никако во сексот.


4. Научете да го барате она што ви треба

Следен пат кога ќе почне некој да ве допира на погрешен начин, фатете му ја раката и покажете му што точно значи нежно и добро за вас. Кога ќе се заборави со пенетрацијата, одвијте го и инсистирајте да смените поза која повеќе ви одговара. Вие диктирајте го темпото. Ако во ниеден случај не разбира, прекинете го сексот и заминете.


5. Ќе стекнете огромна самодоверба

После лошиот секс кој вас ве научил како да препознаете „мачка во торба“, границите на толеранција за неспособниот партнер кој не може да ви пружи задоволство, дури ни на ниво на просечност, подготвени сте да го барате она што го сакате и да му покажете како тоа да го направи за да ви го овозможи најдобриот секс без премногу напор, бидејќи потребен е само природен талент. Некои мажи се лоши љубовници и лоши партнери, некои се просечни и подносливи, а некои се одлични и посакувани. Кога ќе го препознаете последниот тип, веќе немате причина да се обидувате да постигнете нешто со останатите.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg