Како се разликува заљубеноста од љубов?

Вечна дилема постои за тоа дали кога запознавате некоја личноста или сте на почеток на врска, веќе сте вљубени на прв поглед или само сте привлечени од некаква хемија.

ljubov-privlecnost-i-seksualna-itimnost-kako-se-razlikuva-zaljubenost-od-ljubov-01

Секој кој си го поставува прашањето обично си ги дава следните одговори:

1. Знам дека сум се вљубил/а кога тоа ќе го почувствувам.

2. Љубовта е чувство.

3. Едноставно знаеш.

4. Се чувствувам живо и енергично. Чувството на вљубеност прави да почувствувам восхит.

5. Кога сум вљубен/а сакам секој момент да го поминам со партнерот.

6. Кога сум заљубен/а никогаш не ми е досадно.

Но, ниеден од овие одговори не ја опишува вистинската љубов. Тие ја опишуваат заљубеноста, бидејќи таа се опишува со чувства, а вистинската љубов со дела.

Тоа што влегува во категоријата заљубеност претставува себична потреба. Тоа е обид да се измери љубовта кон другата личност според тоа како прави да се чувствувате, а не според делата кои ги прави за вас.

Ако сфаќате дека вистинската љубов бара многу повеќе акција и труд, јасно е зошто заљубеноста трае кратко и постепено избледува.

Ова се 8 начини за да ја препознаете вистинската љубовта:

1. Вистинската љубов подразбира чувство на исполнетост во себе.

2. Вистинската љубов е несебично давање.

3. Вистинската љубов е поврзаност.

4. Вистинската љубов е пријателство.

5. Вистинската љубов вклучува искрена желба да се запознаете себе и растете и се развивате со партнерот.

6. Вистинската љубов ќе ве доведе сè до вашите граници во сферата на интимноста, сексуалноста, времето, парите, бес и контрола.

7. Вистинската љубов претставува одговорност за сите прашања како и подготвеност да прифатите дека може да се појават проблеми во врската со кој било партнер.

8. Вистинската љубов бара време и посветеност за запознавање и одржување на врската.

Љубовта од самиот почеток на врската делува невозможно и тоа е уште едно од погрешните уверувања кои се својствени за нашата култура.

Вистината е дека може да бидат потребни и повеќе години за да научиме што е вистинска љубов. Тоа што сме задоволни со својот живот, имаме посилно изразена креативност и способност за блискост, а со тоа и можеме повеќе да даваме и да примаме љубов.

Прашањето „Како да знам дека сум заљубен“, треба да се замени со прашањето „Дали мојот партнер е некој со кого можам да учам за љубовта“.

Ослободете се од стравот и зголемете ја способноста да почувствувате љубов, привлечност и сексуална интимност.

Несебично давајте се себе за да добиете извор на чиста и здрава љубов.

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg