5 причини зошто врската со помладо момче е позабавна

Иако повеќето девојки сакаат да бидат во врска со постар маж, има и такви девојки и жени кои уживаат покрај помлади мажи.

5-pricini-zosto-vrskata-so-pomlado-momce-e-pozabavna-01

За тоа дека има придобивки ваквата врска доказ се и неколку причини, кои потешко се добиваат од постарите мажи.

1. Полн е со живот и сила

Него скоро ништо не го мрзи. Нема проблем да отиде до продавница или пекара наутро штом станете или да ви помогне да направите ручек. Постарите ќе се бунат бидејќи мора да работат ќе им треба повеќе сила за подоцна.


2. Има поразличен и попозитивен поглед на животот

Сè уште не пробал многу работи, а и ако пробал сè уште мисли дека светот е место кое може да се менува и дека луѓето во еден момент ќе се разбудат и ќе сфатат дека нешто не прават како што треба. Звучи прекрасно кога ќе се каже „Ќе го направам тоа и тоа, ќе видиш дека сè ќе биде во ред. Можам секаде да стигнам, не е проблем“.


3. Има поразлични шеги од вашата генерација

Иако можеби сте навикнати на хуморот на вашето друштво и вашата генерација, па неговиот навистина се разликува, затоа и ве освојува. Шегите кои ги разменува тој со пријателите се нови и иновативни, а може да научите и поинакви работи и да не заостанувате со трендовите.


4. Сексот е редовен, почест и возбудлив

Од него нема да слушнете: „Не можам сега, уморен сум“ или „Не ми е добро денес, имав ужасен ден на работа.“ Тој е секогаш расположен и од него секогаш може да го добиете она што го сакате и очекувате.


5. Може да го „обликувате“

Доколку е многу помлад од вас, може малку по малку да го „обликувате“ според својот карактер. Зависи од личноста, но ако ве сака и почитува, ќе ги прифати вашите идеи и сугестии и ќе ужива. Можеби нема веднаш да ги забележи, но бидете трпеливи и ќе ви се исплати.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg