Зошто не можете да го пронајдете Вистинскиот? 6 грешки кои ги прават жените

Лажните уверувања и постапките кои произлегуваат од тие сфаќања се чест проблем поради кој не успевате да ја пронајдете вистинската личност која е совршена за вас.

zoshto-ne-mozete-da-go-pronajdete-vistinskiot-6-greshki-na-singl-zenite-01.jpg

Во потрага по идеалниот партнер тргнувате со претходно подготвена замисла за тоа како треба да изгледа, посебно физички и истовремено се обидувате да бидете она што не сте, да глумите сосема поинаква личност.

Пронаоѓањето на вистинската личност е прилично сложена работа, посебно ако имате погрешни уверувања.

Ова се 6-те најчести работи поради кои не можете да го пронајдете вашиот партнер:


1. Мислите дека на мажите им се допаѓаат одреден тип на жени

Веројатно самите вие идеализирате одреден тип на жена и претпоставувате дека истото важи и за мажите, но реалноста е сосема поинаква. Кога се во прашање жените, мажите имаат различни вкусови.

Во секој случај, имајте на ум дека не преферираат површни жени. Најважно им е жената добро да се чувствува во своето тело, да биде сигурна во себе и да е интелигентна.


2. Се споредувате со други жени

Споредувањето е кардинална грешка на секоја жена посебно затоа што најчесто завршувате со омаловажување на сопствениот изглед и намалување на самодовербата.

Без разлика на тоа дали мислите дека сте добри и лоши ќе завршите со негативност и љубомора и ќе си вкорените длабоко во главата несигурност и недостаток на љубов кон себеси.

Започнете да гледате сосема поинаку на работите. Фокусирајте се само на себеси, а не и на туѓиот изглед и ќе започнете да се чувствувате многу подобро во сопствената кожа.


3. Мислите дека треба да глумите за да го привлечете нивното внимание

Најголемиот проблем кој произлегува од споредувањето со другите жени тоа што секогаш ќе мислите дека не сте доволно добри и ќе се обидувате да се промените. Најчесто завршувате со „глумење“ на нешто што не сте само за да го привлечете вниманието на мажите.

Но, единствениот начин да создадете долготрајна врска која ќе биде полна со безусловна љубов е да бидете она што сте. Ништо друго нема да го задржи партнерот покрај вас.

Дајте си шанса на самите себе и бидете весели и релаксирани. Не постои ништо попривлечно од жена која е свесна колку вреди и знае што точно сака.


4. Сте си замислите каков треба да биде идеалниот маж

Секако дека е важно да го пронајдете партнерот кој најмногу ќе ви одговара, но мали се можностите дека ќе го пронајдете совршениот маж без маани.

Ви главата можеби имате слика за тоа како изгледа оној Совршениот посебно во физичка смисла, но наместо да се фокусирате на неговиот изглед потребно е да се концентрирате на неговите особини.

Страста, амбициите и отворениот дух се далеку поважни од стомачните мускули и широките рамена.

zoshto-ne-mozete-da-go-pronajdete-vistinskiot-6-greshki-na-singl-zenite-1.jpg

5. Вашиот збор мора да биде последен

Кога меѓу партнерите владее вечна борба за тоа кој ќе го има последниот збор, се создава конкуренција и чувство на недоверба.

Стравот од ранливост е причина за тоа што мислите дека најдобро е да одржувате контрола и да бидете доследни во врската, но се што постигнувате е силна незаинтересираност кај партнерот.

Потребно е да пронајдете компромис и подеднакво да добивате и дарувате безусловна љубов.


6. Мислите дека е предоцна

Ако сами се убедувате дека сте ги пропуштиле сите шанси за добра и стабилна врска и одеднаш надежта целосно е изгубена и во суштина сами предизвикувате шансите да си одат.

Заборавете на старите навики и започнете да размислувате позитивно. Убедете се сами дека на светот постои личност која е совршена за вас и со која ќе си одговарате баш како лонче и капаче.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg