Табуa во љубовта - Сите парови се расправаат поради 3 причини

Сериозните врски и односи се полни со делење на сметки, трошење пари на непотребни работи, расправање за ситни работи или каприци на партнерот.

tabua-vo-ljubovta-site-parovi-se-raspravaat-poradi-3-pricini-01.jpg

Доколку не сте ги искусиле овие проблеми барем еднаш, имајте трпение, ќе се случат.

Освен ситните проблеми, постојат и некои, речиси универзални работи, односно табуа во врските кои најчесто се неизбежни.

Ова се 3-те најчести проблеми со кои се справуваат паровите во долгите врски.

Табу 1: Мастурбација

Работа која е сосема нормална и природна, но, сепак, кога сте во врска најчесто немате премногу време или простор за себе. Ова може да предизвика проблем во комуникација со партнерот, а знае да биде и непријатна. Никој не зборува за тоа, бидејќи се работи за „табу тема“. Ова се однесува подеднакво и за жените и за мажите, но реакциите можат да бидат различни.

Треба да ја зачнете оваа тема рано во врската. Откако ќе го решите овој „проблем“, односно, и двајцата ќе се сложите околу вашите желби или потреби, не би требало да имате проблеми. Ако вашиот партнер реагира негативно или ви забранува да мастурбирате, можеби и не е за вас. Никој нема право да ви кажува што можете или не можете да правите со сопственото тело.


Табу 2: Тоалетна хартија

Најтешкиот дел во заедничкиот живот е делење на работи и менување на рутината. Доколку сте навикнати некои работи да стојат на одредено место, а вашиот партнер постојано ги преместува, тоа може да биде фрустрирачко. Иако е сосема бесмислено, особено доколку се работи за ситници, како, на пример, тоалетната хартија. Најлошите видови на аргументи се оние каде што никој не може да победи, бидејќи, на крајот на краиштата, не е ни важно кој е во право. Ова е одличен пример за такво нешто. Дали вашата тоалетна хартија изгледа подобро кога стои на одреден начин? Зошто ви е важно тоа? Се работи само за навика.


Табу 3: Кренат или спуштен капак од тоалетната школка

Доколку сте жена, знаете точно за што станува збор. Верувале или не, ова може да прерасне во сериозен проблем меѓу паровите. Сепак, овој проблем може да се реши на едноставен начин, оставете порака со која ќе го потсетувате вашиот партнер да го спушта капакот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
5 секс пози под туш кои ќе ви го зачинат љубовниот живот (18+) Топла вода, опоен мирис на гелот за туширање и страст - дали сте пробале секс по...
Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил,...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Знаци дека за еден пар по свадбата (најверојатно) доаѓа развод Ако едниот партнер не покажува апсолутно никаков интерес за планирањето на свадб...
30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg