Дали сѐ уште ти стои надуено егото од вчера?

Во животот се обврзав на едно правило кое го следев постојано, без разлика какви беа околностите, тоа беше просто и едноставно, „ кога љубиш, љуби со цело срце, а кога ќе почувствуваш дека веќе нема знаци на љубов, замини пред да биде предоцна “.

dali-se-uste-ti-stoi-naduenoegoto-od-vcera-01

Немаше отстапки, ниту причини зошто да го прекршувам, додека живеев се покажа како успешно и ми донесе повеќе среќа отколку непријатни моменти.

Него го знаев долго, бидејќи само тој ја имаше можноста да ја допира мојата руса коса и да го гали моето голо тело, од усните преку градите, па се до интимните делови. Не бидејќи тој можеше, туку затоа што јас дозволив.

Дозволив да биде блиску до мене и да го истражи моето женско тело на начин на кој никој не успеал бидејќи љубев, бескомпромисно. Без воопшто да се чувствувам исплашена од што би можело да биде, чувствував дека и другата страна мисли на истиот начин.

Дотогаш не сум згрешила, повторно бев потполно сигурна.Се предадов целосно во неговите раце и се чувствував безбедно, бидејќи мислев дека поседувам клуч од нашата заедничка кутија на довербата.

Дента кога мислеше дека јас нема да дојдам да те видам, а намерно ти реков така, со надеж да те изненадам и да ја видам таа насмевка која толку ми требаше кога ќе ме здогледаш на вратата, ти тој ден ме жигоса за навек.

Влегов со резервниот клуч кој ти ми го даде и слушнав звуци кои не сакав да верувам дека се вистина. Влетав во собата и ја видов таа слика која што мислам дека никогаш нема да ја избришам од главата.

Ја држеше таа ефтина.... не сакам ни да ја наречам некако, не е достојна, стуткан во нејзината прегратка. Зарем мојата не ти беше доволна? Зарем моето тело, бакнежи, страст и љубов не ти беа она што ти беше потребно за да живееш исполнет живот?

Трчаше кон мене ако паметиш и тоа беше првиот пат кога твоето голо машко тело не ме возбудуваше, беше едно обично, саможивно копиле. Во тој момент посакав никогаш да не те познавав. Сакав да го најдам тоа копче за да можам да те избришам од моите сеќавања.

Беше полноќ, некако се сметаше за нов ден, отидов дома и го пуштив тушот, сакав да се измијам од твоите допири, кој знае колку евтини кучки си допирал со истите раце, се гнасев и се гадев од себеси, од тебе.

Само што го исклучив тушот слушнав тропање, знаев дека ќе дојдеш, но се чудев - со кое лице дојде?

Ја заврзав крпата околу моето извајано тело, кое еднаш ти припаѓаше, но не повеќе. Излегов со самодоверба која не знам од каде дојде во моментот. Се чувствував силна, иако не разбирав како, но пред тебе излегов посамоуверена од било кога.

„Дојде да си ги прибереш работите, ако дојде за тоа знаеш каде стојат, земи ги, остави го клучот и замини. Не сакам да ги гледам повеќе тие лажни погледи, во ред? “ реков со одбивен тон.

„Но, дозволи да ти објаснам” рече дотичниот, со солзи во очите.

„Твоето не се објаснува, само ме интересира дали си го наполни егото до точка која ќе те држи со денови, можеби месеци или години. Затоа што освен за едно проклето машко его, не разбирам зошто го направи тоа.

Имаше сѐ, можеше да имаш и многу повеќе, но ти сѐ стави на коцка, само за една ноќ, или можеби една од многуте за кои јас не сум знаела. Само да знаеш, мене животот ме научил на многу работи, една од нив е да имам достоинство, а пред се овојпат ќе дадам предност и на гордоста.

Кога ќе се почувствуваш исмејуван во сите тие сегменти на животот, тогаш каква е потребата да останеш во таква околина? Само ти кажи ми дали помисли дека ќе останеш сам? Дали некогаш вистински си сакал, или јас бев онаа за редовно, а тие беа авантури за една ноќ? Јас бев онаа за во јавност а тие беа твоите слатки секс кукли за навечер?

Молчиш... а што би кажал. Замини додека не гледам натаму, јас и ти сме готови, без патетики, без објаснување, исчезни и не враќај се, никогаш. Јас за тебе не постојам“.

Откако замина клекнав до вратата и плачев, изненадена од сопствената храброст и сила, бев разделена на милион парчиња, но бев среќна што успеав да најдам зборови за да го избркам од мојот живот, наместо да се втурнам во неговата прегратка.

Колку и да мразев не можев да одам против себе и моите правила, го сакав, но тој едноставно не заслужуваше. Додека капеа солзите си помислував дека е готово, заврши. Беше болно, но заврши. Цел живот ми се промени за само неколку часа, но како рекле подобро да ги отвориш очите на самиот раб на бездната отколку да паднеш во неа.

Потајно посакував егото да му даде сѐ она што јас не успеав, но тој знаеше дека тоа нема да се случи, моето ќе помине, а тој цел живот ќе жали за она што го изгубил.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg