Мажите одговараат искрено: Зошто не се оженив со жената со која имав најдобар секс?

Ако отсекогаш сте се прашувале зошто не сте успеале да го смирите мажот со кој сте биле компатибилни во кревет, веројатно одговорот ќе го пронајдете тука.

mazite-odgovaraat-iskreno-zosto-ne-se-ozeniv-so-zenata-so-koja-imav-najdobar-seks-01.jpg

10 мажи одговараат: Зошто ја оставив жената со која имав најдобар секс?

1. Затоа што не можеше да се помири со фактот дека веќе на ниту еден маж нема да му го пружи задоволството како на мене.

2. Затоа што беше неверојатно згодна, но празна во главата.

3. Затоа што оној не-сексуален дел од односот беше неизмерно досаден. Имаше ниска самодоверба и бараше само да има некој покрај себе, каков и да е.

4. Затоа што ми требаше време да сфатам дека бракот и дивиот, луд секс се две сосема различни работи. Кога тоа го сфатив, сфатив дека со неа можам да го имам само едното.

5. Затоа што бевме некомпатибилни во сè друго, освен во кревет.

6. Не завршивме во брак затоа што јас ја поттикнував да го следи својот сон, кој ја одведе во сосема друг град од мојот. Тогаш сфативме дека блискоста ни зависеше само од сексот, кој беше прилично тешко да го имаме кога живеевме одвоено со недели.

mazite-odgovaraat-iskreno-zosto-ne-se-ozeniv-so-zenata-so-koja-imav-najdobar-seks-02.jpg

7. Таа беше една од најдивите жени кои сум ги запознал. Таа ми покажа работи кои не сум знаел дека постојат. Но, исто така по мојата дефиниција, беше клинички луда. Да скратам, жената го снимала нашиот прв секс и ми кажа дека заработила многу на таа снимка.

8. Затоа што таа ми беше моето закрепнување. Со див, неверојатен секс успеав да ја преболам љубовта која ја изгубив.

9. Затоа што ја изневерував. Не можев да ја врзам за себе затоа што немам самоконтрола и не можев да и ветам дека нема да ја изневерувам додека сме во брак.

10. Затоа што без никакво објаснување таа ме остави. Сметаше дека не сме во врска и дека може да продолжиме да имаме совршен секс, но без иднина.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg