Точно е кога ви велат „ќе запознаеш некој кога најмалку очекуваш“

eve-zosto-ke-zapoznaete-nekoj-koga-najmalku-ocekuvate-1

Многу сингл луѓе го слушнале советов многу пати во животот. Кога и да се пожалите на некого, тие секогаш ви кажуваат:

Немој да се грижиш, ќе запознаеш некој кога најмалку очекуваш. Иако зборовиве во моментот кога ви ги кажуваат дефинитивно не ви се помош и почнуваат веќе да ве нервираат, вистината е дека овие зборови имаат совршена логика.

Кога сте фокусирани да запознаете некој и да влезете во врска, тоа може да се „види од километри“. Таа опсесија и тој стрес што зрачи од вас на некој начин ви ја одзема привлечноста.

Кели Фишер, специјалист за љубовни врски ве советува да не ви стои љубовната прашање секогаш на прво место. Таа вели дека кога уживате во моментот и не сте опседнати со тоа дали ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот денес, тогаш работите почнуваат да течат по природен пат.

Немојте да ја барате активно љубовта, таа сама ќе ве најде. Во меѓувреме уживајте во вашите интереси, инволвирајте се во активности кои ви носат мир и среќа, дружете се, патувајте и бидете исполнети. Кога сте исполнети и среќни во животот, луѓето ве гледаат на друг начин и сакаат да бидат дел од вашето друштво и вашата среќа.

Проширете ги вашите познанства, излегувајте со различни друштва и ќе запознаете луѓе кои обично не би ги запознале.

Законот на привлечност не функционира тогаш кога сте под притисок дека мора да најдете некој. Кога едноставно сте фокусирани на себе, врските кои ги остварувате со луѓето се многу поприродни и е многу полесно тие врски да прераснат во љубов.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg