5 работи за бившиот кои треба да ги премолчите пред сегашниот партнер

Постојат работи врзани за нашиот бивши, кои навистина не треба да му ги кажеме на нашиот сегашен партнер.

5-raboti-za-bivsiot-koi-treba-da-gi-premolcite-pred-segasniot-partner-01_copy.jpg

Сосема е нормално кога ќе муабетиме за нашето минато со нашиот сегашен партнер, но тоа не значи дека треба да му кажеме баш сè. 

Ова е листа на работи кои дефинитивно треба да ги премолчите:

1. „Него сите го сакаа“

На почетокот на секоја врска, луѓето имаат тенденција да се споредуваат со бившите партнери, а ваквите изјави може дополнително да ја зголемат несигурноста на вашиот нов партнер. Можеби вашиот бивш дечко навистина сите го обожавале, но немојте со тоа да се фалите пред сегашниот. Не секате тој да мисли дека мора да се натпреварува со него.

2. „Ми го скрши срцето“

Секој знае дека ниедно раскинување не е пријатно, но постојаното нагласување на ова, може да му даде за право на вашиот нов дечко да помисли дека уште патите. Ако веќе мора да кажете вакво нешто, сетете се да додадете дека тоа е нешто што останало во минатото и дека сега сè е во ред.

3. „Заработуваше повеќе од тебе“

Луѓето се посебно чувствителни кога станува збор за пари, посебно мажите. Зошто би му оставиле впечаток дека сметате дека не е доволно способен да се грижи за вас? Тоа е доволна причина за ваквата информација да ја премолчите.

4. „Беше одличен во кревет“

Уште една тема поради која вашиот сегашен партнер може да се почувствува несигурен, бидејки ќе добие чувство дека мора да се натпреварува и дека постојано ќе го споредувате со вашиот бивши. Дури и ако навистина инсистира да му кажете, одлучете се за дипломатски одговор, дека имало како и во секоја врска, добри и лоши моменти. Сè останато е премногу информации.

5. „Останавме другари“

Ако му кажете на вашиот сегашен партнер дека сте останале блиски со вашиот бивш дечко, тој може да помисли дека немате расчистено или дека планирате повторно да се смирите, па да се запраша што бара со вас. Исто така може да помисли дека сте со него за да го направите љубоморен вашиот поранешен партнер, што навистина не е добро. Дури и да сте во контакт со поранешниот дечко, не го потенцирајте тоа.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg