Јас, јас и само јас: 8 знаци дека сте претерано вљубени во сами себе

За да ги сакаш другите, прво мора да научиш да се сакаш себеси.“ Вака звучи фразата која ни се повторува од најрана возраст. Сепак, што се случува кога самољубието ќе прерасне во нарцисоидност и арогантно однесување?

jas-jas-i-samo-jas-8-znaci-deka-ste-vljubeni-vo-sami-sebe-1.jpg

Да се сакате себеси значи да ги прифатите сопствените мани, а да научите како да го извлечете максимумот од своите доблести, што и тоа како може да ви го подобри квалитетот на животот.

Од друга страна, уверението дека никој не ви е ни до колена, може да предизвика само штета, како на љубовниот живот, така и на односите кои ги имате со колегите, пријателите и семејството.

jas-jas-i-samo-jas-8-znaci-deka-ste-vljubeni-vo-sami-sebe-5.jpg

Како да знаете дека малку премногу сте вљубени во себе? Ова се осумте знаци кои ве издаваат:

1. Никогаш не слушате што зборуваат другите

Штом престане муабетот за вас, мислите веднаш почнуваат да ви лутаат и барате начин како што побргу да збришете. Доколку сакате да имате постојан партнер и пријатели покрај себе, под итно мора да обрнувате повеќе внимание на она што и другите имаат да го кажат. 

2. Везден се фалите

Не само што везден зборувате само за себе, туку во своите муабети и постојано си се фалите, па редовно ги завршувате речениците со заклучоци од типот на: „ма јас сум супер!“, „тоа ти е кога си талентиран“, или, „ах, па што да правам кога имам толку убави и долги нозе“. Само замислете дека вашите реченици ги изговара некоја друга личност. Сигурно не би имале високо мислење за неа.

3. Правите драми ако не сте главни

Кога вашата другарка или момче ќе почне да зборува со некој друг, веднаш изведувате нешто драматично за да привлечете внимание. Сосема е во ред ако не сте цело време во центарот на вниманието.  

jas-jas-i-samo-jas-8-znaci-deka-ste-vljubeni-vo-sami-sebe-2.jpg

4. Не прифаќате критики

Пријателите често се обидуваат да ви кажат дека се однесувате надмено и безобразно, но не сакате ни да чуете за тоа! Што, пак, тие знаат? Научете да ги прифаќате добронамерните совети и спуштете се на земја.  

5. На сите им наоѓате маана

Вашиот живот е една голема аудиција за филм на која никој не ја добива главната улога. Им пронаоѓате мани на сите кои влегуваат во него и сметате дека не се достојни да бидат во ваше друштво. Ова е повикот за будење! Верувале или не, и вие имате мноштво мани – карактерот е една од оние на кои би требало најпрво да поработите.

6. Осудувањето е ваше омилено хоби

Вие најдобро знаете зошто на сите ваши пријатели не им успеваат врските, гласно ги коментирате шишкитe на колешката кои никако не ѝ стојат на нејзиното лице, и не можете да поверувате дека некој може да јаде толку мрсен хамбургер. Фуј!

jas-jas-i-samo-jas-8-znaci-deka-ste-vljubeni-vo-sami-sebe-3.jpg

7. Не ве интересираат правилата и свесно се трудите да го украдете секое шоу

Одите на венчавка? Вадите долг фустан со длабоко деколте и висок шлиц. Вашата најдобра другарка штотуку положила правосуден испит и сака да го прослави тоа? Светкава златна маица со гол грб е идеалниот избор! Вистинските пријатели им допуштаат на другите да уживаат во своите 5 минути, и бидат главни, барем на една вечер.

8. Постојано сте во грч дека мора да изгледате совршено 24/7

Секоја слободна секунда во денот ви е исполнета со дотерување и смислување комбинации кои ќе изгледаат совршено на вас. Опседнати сте со тоа како да ја уредите сликата за на Инстаграм? Опуштете се, одвреме-навреме каснете што ви душа сака, облечете тренерки и уживајте во животот. Колку и да се (не)совршени луѓето околу вас.

jas-jas-i-samo-jas-8-znaci-deka-ste-vljubeni-vo-sami-sebe-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg