9 работи кои секој среќен пар треба да ги прави еднаш годишно

Колку подолго трае врската, толку понапорно треба да работите за среќата да станува поголема.

9-raboti-koi-sekoj-srekjen-par-treba-da-gi-napravi-ednas-godisno-1.png

Па, наместо да лутате и да бидете во постојана заблуда дека треба да ги правите истите работи кои сте ги правеле досега за да останете среќни, обидете се да ја следите оваа листа.

9 едноставни работи кои сите среќни парови треба да ги прават барем еднаш годишно:

1. Заеднички став за финансиите

Тоа не мора да значи отворање заедничка сметка. Едноставно, доволно е заедно да ги испланирате финансиите, како би нашле полесен начин да се справите со големите прослави кои следат, како на пример свадбите, или патувањата во текот на наредната година.

2. Голема, бучна кавга

Тоа што се расправате не значи дека имате проблем, туку дека можете отворено да разговарате за темите на кои не се согласувате. Еднаш годишно е здраво да се искарате и да си посочите што не ви се допаѓа. Целта е да покажете дека е невозможно цело време да се согласувате, но тоа не е причина за крај.

3. Секс на чудни и нови места

Кујна, двор, планина, плажа – што и да ви падне на памет е сосема во ред, се додека сте безбедни.

9-raboti-koi-sekoj-srekjen-par-treba-da-gi-napravi-ednas-godisno-2.jpg

4. Излегување со нов пар

Дајте им прилика на паровите кои сте ги запознале, но никогаш не сте организирале дружење. Дајте им шанса и стекнете нови пријателства, или барем пријатни познаници.

5. Гледање на омилената серија

Зошто да не најдете серија која ви се допаѓа и на двајцата и да гледате по една епизода кога и двајцата ќе имате време?

6. Потсетувајте се меѓусебно на прегледите

Одењето на доктор е обврска на секој човек кој сака да остане здрав, а вие како личност која се грижите за партнерот, треба да го потсетите на тоа. Грижете се за себе, но и за него/неа.

7. Исчистете ги гардероберите

Ова важи за оние кои живеат заедно. Зошто да ги чувате маиците и фармерките кои не сте ги облекле цела година? Договорете се заеднички околу тоа што не ви треба, што ќе фрлите, а што ќе донирате.

8. Отпатувајте некаде изненадно

Организирајте кратко патување, но тајно. Сигурно го знаете распоредот на вашиот партнер и можете да си дозволите да го изненадите со промена на планот во 5 до 12.

9-raboti-koi-sekoj-srekjen-par-treba-da-gi-napravi-ednas-godisno-3.jpg

9. Љубовен состанок без повод

А, притоа да не се работи за годишнина, роденден или празник. Едноставно излезете на вечера, на танц, во театар, во кино, без никаков повод.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg