Зошто ни судите? Пар кој одлучил да нема деца открива како изгледа нивниот брак

Ана Родригез Џонс е во брак 13 години и вели дека со сопругот не сакаат да имаат деца.

par-koj-odluchil-da-nema-deca-otkriva-kako-izgleda-nivniot-brak-01

Парот и по толку години ужива во времето минато заедно.

Таа вели дека пред веднаш да ја осудат за одлуката би сакала да открие некои работи за бракот без деца.

„Зошто немаш деца?“ – Не знам како да одговорам

Постојано ми го поставуваат прашањето „зошто немаш деца“ и не знам како да одговорам без да навредам некого. Затоа се трудам само да се насмеам и да кажам „Никогаш не се знае“ или „Ќе видиме“ само за да им удоволам на луѓето. Инаку сакам да им кажам „Гледајте си ја својата работа“.

Се чудам колку често луѓето ми го поставуваат ова прашање или ме прашуваат дали имам проблем со неплодност. Љубопитна сум зошто им е грижа? Не, немам проблеми со тоа, но други луѓе имаат, па престанете да прашувате, непријатно е.

Без разлика што и да излезе од мојата уста, чувствувам како да нервирам некого. Вистината е дека сме среќни и не сакаме повеќе во животот, но општеството мисли поинаку и иако тоа е доволно за нас, за некои луѓе не е.

Не мразиме деца

Всушност двајцата сакаме деца, но се чувствувам како постојано да морам да покажувам воодушевување од децата за да компензирам за мојата одлука да немам.

Се разбира, дека не ги сакам оние деца што врескаат во ресторан, но ги обожавам слатките, мали, паметни човечиња.

Сме помислиле да имаме деца

Како и многу други теми, сме ја анализирале и темата да имаме деца. За среќа, двајцата сме на иста бранова должина со желбите.

Едноставно не можам да имам сė

Колку и да сакам да се преправам дека можам да успеам како мајка, работник, патник, пријател, јас мислам дека тоа е невозможно за мене. Имам листа на големи работи кои ги сакам и се трудам да балансирам.

Знам дека ако сакаме да станеме родители ќе мора да се откажеме од некои работи што ги обожаваме.

Ние сме семејство

Страшно ме изнервира една жена што ми кажа: „Зарем не сакаш да имаш семејство?“. Тоа ме повреди бидејќи јас имам семејство. Моите мајка, браќа, баби, братучеди, пријатели се моето семејство, но пред сė мојот сопруг со кого изградивме среќен брак и со кого се чувствуваме како семејство.

Имам почит кон другите родители

Сум го чувала брат ми како помал и чувам деца на мои пријатели, па знам колку голема работа е родителството и затоа имам почит кон сите родители.

Сепак ме фрустрираат постојани дијалози за луѓе со деца и луѓе без деца, ајде да разговараме за кариерата, патувањата и да си понудиме вечно пријателство.

Нема да нė убедите да имаме деца, престанете

Имам пријатели кои го разбираат нашиот избор, но преку глава ми е од убедувањата од типот: „ќе бидете прекрасни родители“ или „никогаш нема да сакаш никого како своето дете“.

Знам дека не ми мислите лошо, но секој има право да биде среќен со своите одлуки.

Нашите живот не се совршени

Да, патуваме многу. Нашите фотографии од Париз ни се нашите фотографии од првиот ден на училиште на нашето дете и сметам дека другите треба да бидат ОК со тоа. Но во секојдневниот живот имаме и ние многу проблеми и не се преправаме дека животот без деца е совршен, тој е само совршен за нас.

Ние сме среќни

Јас и мојот сопруг сме СРЕЌНИ. Нашиот брак без деца не значи дека имаме недостаток од љубов, возбуда, предизвици и радост за иднината. Ние го имаме сето наведено, иако бебињата не се дел од тоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg