5 „незгодни“ прашања кои секој пар треба да си ги постави уште на почетокот

Добрата комуникација е клучен дел од секоја врска. Важно е уште на почетокот партнерите да бидат искрени и отворени еден со друг.

5-nezgodni-prashanja-koi-sekoj-par-treba-da-si-gi-postavi-ushte-na-pochetokot-01.jpeg

Постојат теми за кои разговорот е малку потежок и партнерите треба да соберат храброст за да се отворат. Но, ако уште од старт ги дознаете одговорите, ќе се поштедите од многу проблеми во иднина.

Еве дел од тие „незгодни“ прашања кои секој нов пар треба да си ги постави:

Што најмногу те загрижува во нашата врска?

Никој не сака да зборува за негативните аспекти во врската уште на почетокот, но сепак постојат мали работи за кои партнерите се плашат дека ќе тргнат наопаку во иднина.

Затоа, добро е да зборувате на оваа тема и да се обидете да најдете заедничко решение од кое нема да стравувате за евентуални поголеми проблеми понатаму.

Дали си имал/а сексуално пренослива болест?

Пред да станете интимни со некого, важно е да знаете дали имал некакви проблеми или болести претходно.

Можеби ви е срам да го поставите ова прашање, но верувајте дека кога станува збор за здравјето, морате да соберете храброст и да го дознаете одговорот.

Каков став имаш кон парите?

Добро е да знаете дали партнерот со кој сте во врска е скромен или е склон кон трошење и расфрлање со пари.

Ставовите поврзани со финансиите понекогаш знаат и да прекинат некоја врска, па мора да знаете дали сте компатибилни на тоа поле.

5-nezgodni-prashanja-koi-sekoj-par-treba-da-si-gi-postavi-ushte-na-pochetokot-03.jpg

Што најмногу сакаш во кревет?

Не треба да постојат табу теми во однос на заедничкиот сексуален живот. Отворено и без срам разговарајте за вашите желби и очекувања од партнерот во креветот.

Сексот може да ги зближи партнерите, но може и да ги раздели, така што претставува важен дел од врската.

Дали сакаш долга врска или само авантура?

Ако не знаете да ги препознаете знаците кои партнерот ви ги праќа со однесувањето, отворено прашајте дали гледа иднина на оваа врска или сака само кратка авантура.

Интересите на партнерите се различни во зависност од нивните искуства или периодот во кој се наоѓаат во моментот, па за да не се разочарате, задолжително зборувајте на оваа тема.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg