Гестови кои таа не ги сака

5-romanticni-gestovi-koi-zenite-ne-gi-sakaat-povekjeИако многу мажи мислат дека сите жени сакаат романтика, постојат гестови кои таа едноставно не ги поднесува и подобро е да ги избегнувате.

 

Во најголем број случаи (со исклучоци) жените не се воодушевени од:

5-romanticni-gestovi-koi-zenite-ne-gi-sakaat

1. Изненадување со секси долна облека. Да купите нешто за неа  - да. Меѓутоа вашата појава во танга гаќички со слонче со сурла од предната страна и мрежаста припиена маица- не е секогаш секси. Затоа внимавајте што ќе одберете!

2. Пеење љубовни песни во јавност – или било каде, дури и приватно, освен ако сте неоткриен талент. Ако баш морате да пеете, трудете се тоа да биде забавно и на шега.

3. Плагијат на романтични комедии. Многу жени го сакаат овој жанр, но она во што уживаат е фантазија, а не реалност. Ако сакате да ја изненадите, бидете уникатни и смислете свое дело.

4. Да ја нарекувате “девојка ми“ пред и сама да се освести за тоа. Ако двајцата не сте сигурни дека сте во врска – ова може да биде навистина непријатно. За жал, многу мажи веднаш мислат дека девојката сака врска или пак ова е начин за да проверат дали навистина се во врска.

5. Изливи на нежности во јавност. Понекогаш мажите мислат дека сите жени сакаат бакнување во јавност, и дека на тој начин праќаат порака “Гледаш душо, не се срамам цел свет да види дека сум луд по тебе!“ Сепак има многу девојки кои го сметаат ова за несоодветно и напорно.

Би можело да ве интересира:

Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg