Што да забележите кај жена?

sto-saka-sekoja-zena-da-zabelezite-na-nea-povekjeДодека мажите може да се провлечат неизбричени или во полу-чиста облека, жените вложуваат куп време и пари во својот изглед. Секако, се...

 

...дотеруваат пред се за да се чувствуваат добро во своја кожа, но често пати и само за да привлечат внимание кај мажите.

Ако навистина сакате да импресионирате девојка, парнтнерка (воопшто – жена), ова се 10-те работи кои треба да ги забележите на нив, без разлика дали се работи за изгледот или однесувањето.

sto-saka-sekoja-zena-da-zabelezite-na-nea

10. Нејзините чевли. Држењето, појавата – сè се менува кога таа носи високи потпетици. Тие визуелно ги издолжуваат нозете, го нагласуваат задникот и торзото. И покрај тоа што не се секогаш удобни, девојките навистина се трудат да изгледаат тип-топ.

9. Дека е забавна. Кога таа ќе сподели виц или забавна анегдота насмејте се или со коментар ставете и на знаење дека ви се допаѓа нејзиниот карактер. Комплиментите ја зголемуваат нејзината самодоверба.

8. Забележете дека мириса поразлично. Мирисот е важна компонента и токму тој знае да привлече. Жените внимателно  одбираат како ќе мирисаат. Ако забележите дека го променила парфемот кој го користела редовно, со тоа сака нешто да ви порача. Коментар од типот „Мирисаш преубаво. Нов парфем?“ е совршен во оваа ситуација!

7. Уредна е. Ако цел ден средувала низ дома за да ве дочека на гости, дајте до знаење дека го цените тоа. „Овде блеска од чистота!“ Цел ден го поминала во чистење, измасирајте ги стапалата на крајот на денот.

6. Вежба. Ако целта и е да изгуби килограми, да го зацврсти телото или само да се чувствува поздраво, важно е да ја поддржите во посветеноста.

5.  Забележете дека е тазе депилирана. Депилацијата е болна. Без разлика колку лесно таа се справува со тоа, депилацијата од почеток до крај не е ништо друго освен болна постапка. Жените не би се изложувале толку често на овој чекор да не биле желбите на мажите.

4. Се дотерала посебно. Кога жена се дотерува, тоа може да потрае со часови. Кога таква ќе се појави пред вас, комплимент е повеќе од  задолжително.

3. Се потрудила за атмосферата. Ако се потрудила да направи романтична атмосфера за вас двајца, посебно ако е со повод, дајте и до знаење дека ве воодушевила. Најдобар начин е сами да се потрудите следниот пат да направите такво нешто.

2. Има нова фризура. Ако не забележите веднаш таа ќе настојува да ви даде знак да забележите. Едноставен комплимент „Супер ти е фризурата“ е доволен за да ја придобиете.

1. Има нова долна облека. Иако многумина мислат дека ова се подразбира, жените ретко добиваат комплимент за долната облека. За време на предиграта мажите се толку концентрирани на она што следи па комплимент е последно нешто што им паѓа на памет. Шепнете дека градникот и стои фантастично или дека гаќичките ве излудуваат. Она што следи препуштете и го неа.

Би можело да ве интересира:

„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Што се случува со телото ако долго време немате секс? Висок крвен притисок и зголемен ризик од еректилна дисфункција – постојат неколк...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Како да го толкуваме јазикот на емоциите? Уште од периодот на просветителството, нашата култура силно го поддржуваше ставо...
Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg