Вистини и невистини за сексот

vistini-i-nevistini-za-seksot-povekjeТаа мисли дека само особено надарен маж може на жената да и пружи максимално задоволство. Во заблуда е. Интензитетот на оргазмот не зависи од...

 

...димензиите особено не од должината на машкиот полов орган, бидејќи најосетлив дел од женскиот полов орган се првите три сантиметри (вклучувајќи ја и фамозната Г-точка). Ќе признаете дека тоа е прилично ограничен простор.

vistini-i-nevistini-za-seksot

Таа мисли дека тој најмногу ужива во мисионерската поза. Точно! Кога водите љубов во таа положба, задниот ѕид на вагината го стимулира најосетливиот дел намашкиот полов орган.

Покрај тоа, тогаш мажот може да ја набљудува реакцијата на лицето на својата партнерка, што е уште повозбудливо.

Сепак, мисионерската поза не им се препорачува на мажи кои имаат проблем со прерана ејакулација. Доколку сакате да го продолжите времето на односот, заменете го местото со партнерката.

Таа мисли дека не ја сакате доколку веднаш по сексот заспиете. Секако, и тоа е заблуда. Овде не се работи за чувства туку за физиологија. По ејакулацијата, во крвотокот на сите мажи доаѓа до пад на нивото на супстанци кои се главни состојки на задоволството адреналинот. Тој врши стимулација за време на предиграта.

Истовремено, во крвта на мажот расте нивото на хормонот кој смирува, го поттикнува чувството на задоволство и предизвикува поспаност.

Значи тоа се главните виновници за сонот, а не тоа дека не ве сака партнерот. Секако ваквото однесување не им се допаѓа на оние жени кои по сексуалниот однос имаат потреба за дополнителна нежност, особено со партнерот кој тукушто го запознале.

Ако мислите дека само жените се тие кои што се многу сомничави кога е сексот во прашање, се лажете...

Би можело да ве интересира:

4-те најчести прашања поврзани со сексот што ги мачат младите луѓе (и одговори за нив) „Зошто не можам да доживеам оргазам“ е едно од најчестите прашања што студентите...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
3 секс пози наменети за оние што сакаат длабока пенетрација, а им е здодеано од кучешката (18+) Овие 3 секс пози пред сè ја стимулираат Г-точката и овозможуваат длабока пенетра...
Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците? Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањ...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се ... Дали желбата за секс по породувањето кај партнерот може да опадне затоа што тој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg