Бакнежот никогаш не лаже

baknezot-nikogas-ne-laze-povekjeСпонатни, страсни, извештачени, куртоазни, помирливи, невини, еротски, рамнодушни...Колку луѓе, толку и бакнежи. Има и такви, „во празно“...


...со гласно „цмок“, кога нечии усни ќе се приближат до вашиот образ, но нема да го допрат...

baknezot-nikogas-ne-laze

Безброј видови и секој бакнеж може да се анализира за да се дознае нешто повеќе за личноста што ве бакнува, за тоа што сака и какви карактерни особини има.

Така, се верува дека сте страствени ако при бакнување ја навалувате главата на десно, а доколку ја навалувате на лево, вие сте срамежлива личност.

Дали знаете дека ќе живеете подолго ако секое утро ја бакнете саканата личност и дека оние што почесто се бакнуваат се поздрави, поуспешни, посреќни? Доколку верувате дека тоа не е шега, поточно дека во секоја шега има половина вистина, јасно е дека врз основа на бакнежот можете да процените за каква личност станува збор.

Познати се и лековитите својства на бакнежот: научниците тврдат дека бакнувањето е добро за здравјето, но и дека позитивно делува на нашата способност да се соочиме со животните предизвици и проблеми. Бакнувањето нè прави посилни и посигурни во постапките. Тоа понатаму значи дека оние кои во текот на денот почесто се бакнуваат со саканата личност, никогаш не одат на боледување, остваруваат поголем личен доход и ретко доживуваат сообраќајни несреќи.

И додека скептиците се прашуваат која е целта за ваквите истражувања и се сомневаат во вистинитоста на ваквите тврдења, романтичарите тврдат дека е апсурдно да се теоретизира за еден ваков ирационален чин како што е бакнежот.

Доколку сакате да откриете дали има вистина во овие тврдења, прашајте ги заљубените како се чувствуваат кога ќе се бакнат и веднаш сè ќе ви биде појасно.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Како изгледа вистинската љубов во модерното време, низ 18 илустрации „Убава си и навечер, но и наутро...“ – реченицата за додворување што се најде во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg