Тајни во врската

tajni-vo-vrskata-povekjeЛажењето е лошо, особено ако се лаже саканата личност, а многумина и прикривањето на вистината го ставаат на исто рамниште со лажењето.


Често се дава совет дека пред саканата личност треба да се биде во потполност отворен затоа што врската се гради врз доверба.

tajni-vo-vrskata

А, ако на саканата личност не можете да и доверите сè, ако пред неа не можете во потполност да бидете отворени, тогаш пред кого би можеле?

Сето тоа убаво звучи како теорија. Постојат парови кои во потполност се отворени еден кон друг, немаат меѓу себе тајни, среќни се и така функционираат 60 години и никогаш не се покајале поради искреноста. Има такви кои по нешто би задржале за себе, а има и такви кои некои работи не би сакале да ги знаат.

Што се однесува до тоа дека на саканата личност можете да и кажете сè, не знаеме колку е баш точно. Да речеме, сигурно нема да му/и кажете дека неговата/нејзината родена сестра не можете со очи да ја гледате, дека толку ве нервира што би и ја удриле главата од ѕид.

Нема да им кажете дека на нивната мајка устата грозно и мириса. Најверојатно ќе се обидете да го сведете контактот на минимум со личностите кои што ви пречат – искрено речено, ако му кажете на партнерот што мислите за нив, ќе го повредите, а со тоа ништо не сте решиле.

Потоа, вашето минато. Дали на саканата личност ќе и кажете дека во младоста сте го измамиле дечкото или девојката со нивниот најдобар пријател? Доколку вам саканата личност ви признае ваков детал од минатото, дали потоа би биле во состојба, иако се работи за нешто дамнешно, да се опуштите и да и верувате, или пак од време на време би ве мачело прашањето дали тоа би можело да се повтори?

Секако дека некои работи не треба да се сокриваат, би било неетички да се кријат. Ако сте боледувале од некои заболувања кои што ви оставиле последици, ако имате некое заболување, ако сте должник...

Во принцип, не би требало да криете нешто што би влијаело на денешницата и што би делувало на животот на саканата личност, односно би ја навело да ве остави.

Можеби би ве оставила не само поради тоа што сте го направиле, туку поради тоа што сте криеле од неа и што тоа го дознала од некој друг, а не од вас. Да го слушнела тоа од вас, можеби некако и би го прифатила.

Би можело да ве интересира:

Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg