Што ја уништува врската?

sto-ja-unistuva-vrskata-povekjeДа се започне врска е тешко, а понекогаш е уште тешко да се одржи. Што сè влијае на врската? Ова се 8 работи кои можат да ја уништат врската:



1. Пријателите и семејството

Голем дел од животот е поврзан со пријателите и семејството. Тие луѓе се постојано со нас, ги цениме и сакаме, па важно ни е и нашиот партнер да се согласува со нив, бидејќи несогласувањето со луѓето кои ни се блиски може да биде убиствено за врската.

2. Трета личност

sto-ja-unistuva-vrskataПарот го прават двајца, со појавувањето на трета личност, односите се влошуваат. Доколку еден од партнерите има некој што е упорен во додворувањето, со време ќе се појави сомнеж и недоверба. Треба на време да се интервенира и што побргу да се отстрани третата личност.

3. Лоши навики

Иако на почетокот на врската многу работи кај партнерот ви се симпатични, со време колку и да ви значи некој, неговите лоши навики ќе ви пречат. Навидум неважните работи, како на пример крчењето, оставањето на валкани алишта по станот и др., може да ве иритираат и да ја доведат врската во криза.

4. Животни проблеми

Чест случај е врската да ве одвои од остатокот на светот и тогаш може да се најдете во маѓепсан начин на размислување „ние против нив“, но се оди како подмачкано, заљубени сте и летате. Но кога тој надворешен, вистински свет ќе продира во вашата заедница, може да се создаде проблем. Проблемите со пари, децата на партнерот од поранешните врски....се ситуации кои што можат лошо да делуваат на врската.

5. Опуштеност

По долгогодишна врска некои парови се опуштаат, можеби и премногу. Нивната интима станува рутина, па полека одат во одредена шема. Кога тоа ќе стане дел од секојдневието партнерите стануваат повеќе пријатели отколку љубовници и врската полека почнува да пропаѓа.

6. Минатото  

Луѓето што живеат во минатото не можат да одат понатаму. Ако некој постојано го споредува со својот сегашен партнер со бившиот, секако не може да биде добар знак, затоа што за таа личност нема движење нанапред во сегашната врска. Не треба да се враќаме во минатото.

7. Трчање пред рудата

Квалитетната врска се развива потполно. Иако секој пар има свој начин, се препорачува парот подобро да се запознае, а потоа да живее заедно. Брзањето за заедничко живеење може лошо да се заврши. Никој не сака да го побрзуваат. Двојката во која едниот секогаш го побрзува другиот, ретко останува пар.

8. Одржување баланс

Одржувањето на баланс е многу важно за врската, особено ако станува збор за тоа колку партнерите се зависни еден од друг. Ако парот поминува повеќе време заедно, со време може да се случи еден без друг да не знаат што да направат.

Од друга страна ако некој е премногу независен, другиот ќе се чувствува запоставено и осамено. Кога еден од партнерите има многу обврски и времето што го поминува со партнерот го сведува на минимум, тоа за врската е лошо исто како и зависноста.

Ако се најдете во ситуација да ви е се потешко да останете во врска, можеби е подобро да престанете да го трошите времето на нешто што не функционира и да продолжите понатаму.

Би можело да ве интересира:

3 знаци дека треба да го откажете првиот состанок со личноста што сте ја запознале онлајн „Ако некој зборува лошо за поранешниот партнер и тоа пред првиот состанок, тоа м...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои е...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Прашувам за пријател: „Имам слаб оргазам, речиси не го чувствувам, што не е во ред со мене?“ (18+) „Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очек...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg