Машки моден хит: Сафари стил во урбаната џунгла (фото)

Кошулите со поширок крој кои лесно паѓаат, панталони од потенок материјал и лен, но и задолжителните беж нијанси се новиот моден хит ова лето, па и есента која следи.

maski-moden-hit-safari-stil-vo-urbanata-dzungla-foto-01

Облеката е инспирирана од боите на пустината и дивината на модната сцена која се има појавено уште во далечните шеесетти години на минатиот век. Оттогаш за многу припадници на посилниот пол таа е составен дел од стилот.

Сите нијанси на беж, бела, сива, па и кафена, маслинеста и некои нијанси на сина се препознатливи за овој стил.

За потоплите денови одлично одговараат светлите беж маички, во комбинација со тенки панталони или бермуди.

За посвежите ноќи, вистинскиот изглед го даваат лесните јакни во посебен препознатлив сафари т.н. ловечки стил кој истовремено ви дава лежерен, но и модерен впечаток.

Зависно од приликата, овој стил дозволува да го надополните со детали како широк колан, трегери, шешир или летна машка торба.

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg