Моден погодок: Малиот црн фустан со реси на Хајди Клум (фото)

Ресите се повторно во мода! Хајди Клум полека, но сигурно го враќа овој тренд. По појавувањето на Еми наградите, сега на ревијата на Мајкл Корс се појави и во модифициран црн фустан со ресички.

moden-pogodok-maliot-crn-fustan-so-resi-na-hajdi-klum-foto-01.jpg

Хајди повторно ја покажа својата идеална фигура благодарение на тесниот фустан, ресите кои суптилно ги откриваа тонираните нозе и длабокото деколте.

Очигледно, таа знае дека малиот црн фустан е секогаш полн погодок, но проблемот е што доколку не се менува неговиот изглед, може да делува здодевно.

Сепак, ресите кои го следеа секој чекор на Хајди ја правеа оваа креација повеќе од интересна.

Извајаните нозе додатно ги истакна со едноставни, црни Лобутинки, а остатокот на аксесоари го сведе на минимум.

По обичај, се одлучи и за едноставна природна шминка и исфенирана коса која стана нејзин заштитен знак.

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Ким Кардашијан во кожен фустан, градите на Серена Вилијамс „претекуваат“ - Кои дами издоминираа на C... Ен Хатавеј покажа дека и тоалетата изработена од тексас може да изгледа елегантн...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg