3 начини како да откриете дали брендираната чанта е лажна

Многу жени сонуваат за чанти со потпис на големите светски дизајнери, па неретко се одлучуваат да издвојат голема сума на пари и да тргнат во потрага по истите.

3-nacini-kako-da-otkriete-dali-brendiranata-canta-e-lazna-01.jpg

Ако сте исплашени дека оваа шопинг авантура може да заврши трагично, најдобро е сите информации да ги проверите 2 пати.

Колку и да мислите дека сте добар познавач на „ремек-делата“ на Луј Витон, Шанел или Хермес, важно е да обрнете внимание на овие 3 работи:

1. Прегледајте го материјалот од кој е направена чантата, помирисајте ја кожата, прегледајте ги сите рабови и набљудувајте ја конструкцијата. Најмногу загледајте се во внатрешноста, затоа што фалсификатите многу повеќе се занимаваат со надворешноста, па немаат време за квалитетна постава.


2. Најголемиот број на чанти имаат „картичка на автентичноста.“
Се работи за еден вид сертификат кој ја потврдува автентичноста на големите модни куќи. На пример, чантите на Шанел секогаш имаат холограмски сериски број, додека Хермес чантите мора да имаат два жигови на посебно одбрано место.


3. Заштитете се ако купувате преку интернет.
Пред сè побарајте многу слики, од многу агли - внатрешност, рабови, жигови... За секој случај проверете ја политиката за враќање на купената роба - ако нема можност да го вратите фалсификатот, подобро е да си ги сочувате парите на сметка.

Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg