Не облекувајте на работа

ne-oblekuvajte-na-rabota-povekjeВашето присуство на работното место треба да остава впечаток дека сте таму за да ги завршите обрвските. Тоа значи дека секогаш треба да бидете...

 

...средени и да изгледате професионално. Но, што всушност професионалниот изглед налага?

Што е тоа што не смеете ниту да помислите да го облечете кога одите на работа?

ne-oblekuvajte-na-rabota

  1. Тексас. Иако фармерките се сè повеќе прифатени на работното место, сепак не треба да го истакнувате нивното носење. Имено, кога веќе сте решиле да облечете фармерки, надополнете ги со некоја класична кошула или џемпер со V израз.

  2. Долна облека. Не, не сакаме да кажеме дека не треба да носите долна облека, туку дека бојата и типот на килотите и градникот кои ги носите не мора да бидат видливи за колегите. Секогаш изберете долна облека која што нема да паѓа во очи, а сепак малку ќе ги истакнува вашите атрибути.

  3. Гола кожа. Секси изгледот може да отвори многу врати, но тоа не значи дека на работа треба да носите длабоко деколте или кратко здолниште. Здолништето нека биде најмногу 10цм над колената, а што се однесува до деколтето гледајте што помалку да откриете. Истото важи и за мажите. Можеби љубовниот тепих на градите е ваша гордост, но не морате истиот да го споделите со останатите колеги.

  4. Скинати и извалкани алишта. На секого може да му се случи додека е на работното место да се извалка или да ја скине облеката. Но, флеки од пот стари и по недела дена, искинати копчиња и изгужвани алишта се неприфатливи.

  5. Премногу накит. Додатоците се задолжителни за вистинските професионалци, но сè додека се во линија со тоа што на себе го носите и со имиџот кој сакате да го изградите. Нежни обетки, убав каиш и дискретен прстен се само показател дека навистина внимавате на деталите.

  6. Тренерки. Малку е тешко да го сфатите човекот сериозно кога носи нешто со кое што најверојатно претходно спиел. Непрофесионалниот изглед зачувајте го за дома, за во сала или за во природа.

  7. Големи логоа. Можеби можете да си дозволите да купувате луксузни брендови, но носењето на големи брендирани логоа може само да ве направи да изгледате бесрамно и очајно во обидот да го привлечете вниманието на другите.

  8. Апостолки. Небитно колку е опуштено во фирмата каде што работите, апостолките се најголемото зло. Прво, никој не сака да гледа туѓи голи стапала. Второ, звукот кој го прават апостолките може да ги излуди колегите.

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи г...
Сара Џесика Паркер со „распар“ чевли, Ел Фанинг во апостолки на црвен тепих - Новиот моден тренд со ... Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го и...
Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена... „Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg