Топлотен бран во Европа: Што треба да знаете пред патување и во кои земји ќе биде најжешко?

Топлотниот бран донесе високи температури во омилените туристички дестинации на Македонците, а метеоролозите информираат дека ќе трае до крајот на јули. Што треба да знаете за топлотниот бран ако планирате да летувате на некоја од популарните европски дестинации?

toploten-bran-vo-evropa-shto-treba-da-znaete-pred-patuvanje-i-vo-koi-zemji-kje-bide-najzheshko-01.jpg

Шпанија, Италија, Грција, Албанија и Хрватска се топ дестинации за туристите ова лето, но оние кои патуваат таму мора да преземат мерки за да се заштитат од топлотниот бран.

Овој бран се чувствува и во Македонија, а многумина се прашуваат дали воопшто е безбедно да се отпатува некаде и кои мерки треба да се преземат.

Метеоролозите очекуваат температурите да надминат 40 степени во Шпанија, Грција, Хрватска, Турција и делови од Франција.

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-05_copy.jpg

Што треба да знаете ако патувате во некоја од европските држави или веќе сте таму: Кои области во Европа се најпогодени?

Италија, Шпанија и Грција се земјите кои се најмногу погодени од „антициклонот“ кој потекнува од Северна Африка, што предизвикува големи жештини. 

Температури близу до 48 степени Целзиусови беа забележани во Сицилија и Сардинија. 

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-04.jpg

Североисточна Шпанија оваа недела забележа максимални температури од 46 степени, додека делови од централна Грција достигнаа 42 степени. 

Топлите, суви услови, исто така, ги влошија шумските пожари во Грција, Хрватска, Швајцарија и шпанските Канарски Oстрови, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.  

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-08.jpg

Грчкото Министерство за климатски кризи и цивилна заштита ги повика граѓаните, особено припадниците на ранливите групи, да избегнуваат изложување на сонце, да останат под сенка и да консумираат течности.

Истовремено, ги советуваше државните агенции и локалните власти да бидат подготвени веднаш да се справат со последиците од горештините.

Африканскиот топлотен бран ја зафати и Албанија.

Метеорологот Хакил Османи даде совет за справување со овој топлотен бран кој, според него, во Албанија ќе биде присутен до крајот на месецот.

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-10.jpg

Меѓу другото, Османи истакна дека е важно да се внимава бидејќи температурите може да се искачат и над 43 степени.

„И во текот на оваа недела ќе ги имаме овие температури, топлотниот бран се очекува да се задржи до 27-ми или 28-ми овој месец.

Во четврток и петок температурите кај нас се очекуваат да достигнат до 42 или 43 степени Целзиусови“, рече тој.

Меѓу другото, Османи истакна дека е важно сите луѓе кои избрале одморот да го поминат во Албанија да бидат внимателни во попладневните часови, бидејќи температурата на воздухот е 42 степени, а на водата 20 степени, што доведува до зголемување на ризиците по здравјето.

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-06.jpg

И во Турција се забележани високи температури.

Минатата недела во тамошните болници биле згрижени 48 лица со топлотен удар. Во регионот околу градот Анталија, кој е особено популарен кај туристите, температурата се искачила до 44 степени.

planirate-da-patuvate-niz-evropa-sto-treba-da-znaete-za-toplotniot-bran-vo-koi-drzavi-ke-e-najzesko-12.jpg 

Колку долго ќе трае овој топлотен бран?

Прогнозите покажуваат дека топлотниот бран ќе трае најмалку уште една недела, односно до крајот на јули. 

Експертите очекуваат дека оваа година ќе биде една од најтоплите, ако не и најтопла досега.

С. Ш. | Црнобело /

фото: pixabay.com, freepik.com

Би можело да ве интересира:

20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Евтино, а убаво: 5 локации во Албанија со најниски цени за одмор покрај море Летото е во полн ек, температурите се високи и единствен спас од горештините е п...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg