„Работилницата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција: Влезот е бесплатен, се стига за 5 часа со автомобил од Скопје

Ако сакате да се „загубите“ во светот на Дедо Мраз и да уживате во празничната атмосфера, зошто да не го искористите продолжениот викенд (или кој било викенд до Божиќ) за да ја посетите „Работилницата на џуџињата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција? 

rabotilnicata-na-djudjinjata-na-dedo-mraz-vo-trikala-grcija-vlezot-e-besplaten-se-stiga-za-5-chasa-so-avtomobil-od-skopje-01.jpg

Една од најпопуларните дестинации во Грција во овој период од годината е „Работилницата на џуџињата на Дедо Мраз“ (Ο Μύλος των Ξωτικών), шарен тематски парк во Трикала.

На ова волшебно место ќе се забавуваат и големи и мали, бидејќи кога ќе влезете во светот на џуџињата кои му помагаат на Дедо Мраз, ќе се изгубите во пријатната атмосфера и нема да сакате да си заминете.

Токму ова место можете да го посетите за викенд и да ја видите Грција во едно сосема поинакво светло, а не само преку плажите и летните дестинации.

rabotilnicata-na-djudjinjata-na-dedo-mraz-vo-trikala-grcija-vlezot-e-besplaten-se-stiga-za-5-chasa-so-avtomobil-od-skopje-03.jpg

Што треба да знаете за „Работилницата на џуџињата на Дедо Мраз“?

Влезот во забавниот парк е бесплатен, а се наплаќаат само одредени активности. Има и бесплатен паркинг.

Забавниот парк се отвора во 10 часот наутро, а работи до 10 навечер.

Отворен е за посетителите до 8 јануари 2024 година.

А, таму ќе можете да ги разгледате бројните атракции, да се возите на шарениот рингишпил, да испиете кафе или топло чоколадо и да каснете колачиња со вкус на цимет и ванила.

Тука се и концертите на отворено и театарските претстави за деца.

Но, без оглед на возраста, можете да му напишете и писмо на Дедо Мраз со сите ваши новогодишни желби и да му го испратите.

rabotilnicata-na-djudjinjata-na-dedo-mraz-vo-trikala-grcija-vlezot-e-besplaten-se-stiga-za-5-chasa-so-avtomobil-od-skopje-04.jpg

Како да стигнете дотаму?

Растојанието од Скопје до Трикала е 411km, односно се стига за околу 5 часа и 15 минути со автомобил.

Се вози преку граничниот премин Богородица/Евзони, а потоа патот води кон Кавала и Лариса.

Сместување во градот може да се најде преку Booking, а 2 ноќевања во двокреветна соба чинат од 10.000 денари нагоре, зависно од локацијата на апартманот/хотелот и дали во цената е вклучен појадок или не.

Градот се наоѓа во близина на познатите Метеори, комплекс со седум манастири, па продолжениот викенд можете да го искористите и за посета на ова свето место.

rabotilnicata-na-djudjinjata-na-dedo-mraz-vo-trikala-grcija-vlezot-e-besplaten-se-stiga-za-5-chasa-so-avtomobil-od-skopje-02_copy.jpg 

Погледнете повеќе фотки од тематскиот парк:

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg