На скијање во Kitzbühel, Австрија

На помалку од 2 часа од Минхен, сместен е најдобриот ски ресорт во Австрија, а воедно и меѓу првите 10 во светот – Kitzbühel.

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-1

Самиот град датира од пред речиси 800 години и скијањето овде е традиција со векови. Тиролскиот шарм, бројните ресторани, барови и ски терени се совршени за љубителите на зимските спортови.

Градот е окружен со 3 главни ски области: Jochberg Pass Turn, Kitzbüheler Horn и Hahnenkamm – последната е предизвик за професионалните скијачи и авантуристите.

Препознаена како област каде може да експериментирате со своите скијачки вештини или да бордате, овде може да најдете бројни туристи од целиот свет.

Ова е и популарна викенд дестинација заради близината до Минхен, Инсбрук и Салзбург. Резервација е задолжителна за сезонскиот период особено во месец Февруари.

Популарни ресторани: Најчесто сместени во самите хотели - Schloss Lebenberg и Hotel Restaurant Zur Tenne.

Ако сакате да испробате нешто слатко или да се напиете кафе - Café Praxmair.

Ако сте расположени за шопинг, можете да си дозволите скапи брендови како Lacoste, Prada, Gucci, Louis Vuitton и Dolce & Gabbana, но може и да ги ѕирнете некои од традиционалните Австриски брендови како Jochbergerstrasse и Sportalm.

За оние кои не скијаат: можност за лизгање на мраз, качување, калинг и уживање во некој од спа центрите.

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-2

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-3

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-4

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-5

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-6

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg