Најшареното село во Тајван е светска атракција (фото)

Некои места со малку креативност и многу љубов може да добијат сосем нов лик. Дури и кога ви изгледа нешто безнадежно за да се промени, секогаш може да биде подобро. Потребна е само идеја.

najsarenoto-selo-dugino-e-svetska-atrakcija-foto-01

Во подзаборавениот дел Тајчун во Тајван се наоѓа едно малечко село во кое во 40-тите и 50-тите години биле населени војници.

Ова тајванско село во текот на годините сè повеќе било напуштано, луѓето се иселувале и наскоро почнало да пропаѓа и да се претвора во сиво градско ќоше.

Сепак, благодарение на еден човек ова некогашно обично селце, претворено е во мало туристичко задоволство, познато како Виножито село или село на семејството Виножито.

Во својата 86-та година, Хуанг Јунг-фу, одлучил да ги обои куќите, ѕидовите и улиците со шарени и весели бои како на виножитото.

Секој ден, дедо Хуанг боел нова сива површина со своите живи бои и цртал ликови.

Ни самиот не знаел дека неговата уметност ќе привлече толкаво внимание. Разубавувањето на сивилото станало главна цел во неговиот живот.

Некои велат дека дедо Хуанг почнал да црта по ѕидовите бидејќи му било досадно.

Други, пак, мислат дека би сакал да го разубави своето село, а трети дека сакал да го спаси од демолирање.

Без оглед на причината, најшареното село во Тајван, станало несекојдневна туристичка атракција.

Погледнете ги улиците и куќите во селото Виножито:

Би можело да ве интересира:

Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg